Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.05.2012, 20:15

Македонија се уште има проблем со човековите права

Најважен проблем беше владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, оценува Стејт департментот

Стејт департментот на САД излезе со извештај за Македонија во кој се споменува прекумерна употреба на сила во притвор, селективно гонење, недопирливост на полицијата, мешање во работата на медиумите и како главна забелешка - непочитување од страна на владата на владеењето на правото во земјата.

„Најважен проблем околу човековите права беше владиниот неуспех целосно да го почитува владеењето на правото, што се рефлектираше преку мешање во судството и во медиумите, селективно гонење на политичките противници, значајни нивоа на владина корупција и полициска неказнивост“, оценува Стејт Департментот, додавајќи дека постојат кредибилни извештаи исто така дека владата се мешала во високопрофилни случаи поврзани со злоупотреба на функциите за принудување на функционери или партиски членови или за вознемирување на опозициски лидери.

За случајот со Мартин Нешкоски е изнесена оцена дека „бил претепан до смрт“ и дека министерката Гордана Јанкулоска се соочила со голем медиумски притисок заради нетранспарентноста и тоа што веднаш не го идентификувала и уапсила Игор Спасов. Иако законот забранува тортура, според извештајот, постојат кредибилни извештаи дека „полицијата користи екстензивна сила при приведувањето на обвинетите за криминал и ги малтретира притворените и затворениците“. Притоа се наведува дека имало 51 поплака против полицијата за вакво однесување, но не била покрената ниту една дисциплинска постапка, а со тоа се „солидаризираат“ јавниот обвинител и судиите бидејќи судските процеси во вакви случаи се одлагаат до бесконечност.

Извештајот исто така ги споменува таканаречените информативни разговори на полицијата без повиканите да се информираат за правата , а генерално се оценува дека Владата врши политички притисок врз судовите а преку буџетот ја зголемува и контролата врз нив.

„Политичките притисоци влијаат и на работата на Судскиот совет, тело одговорно за избор, дисциплина и отстранување на судиите“, констатира Стејт Департментот додавајќи дека ова тело им дава предност на надворешни кандидати при именувањето место на тие од судската академија.

Се презентираат случаите со неколкуте сменети судии , а особено тој со Трендафил Ивановски со забелешка дека Уставниот суд бил жестоко критикуван. Под графа „политички затвореници и притвореници“ се споменуваат два случаи, на Љубе Бошкоски и Ѓорѓи Тренковски.

За медиумите стои дека има извештаи дека владата ги притиска медиумите и ги присилува новинарите на самоцензура, дека бројот на тие што беа критички кон владата опаднал и дека има разлики во информирањето кај едни и други за контроверзни политички или меѓуетнички прашања.

Како ново извештајот нотира поплаки од политички активисти и други критичари на власта дека им биле следени нивните комуникации на социјалните мрежи и на електронската пошта, но дека нивото на тоа се' уште не е познато.

Во делот за корупцијата стои дека има извештаи за некои функционери вклучени во корупција што се неказнети, но и за други од опозицијата кои се соочуваат со закани за прогон. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 1475 пати.

Испрати коментар



Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Повторно убиени војници на НАТО
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
НАТО - Влез во Алијансата откако ќе се реши името
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



NACRT REZOLUCIJA na GSON potrebna kako reshenie, 25.05.2012 20:33:50
NACRT REZOLUCIJA Imajki predvid ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina so koja se prifaka Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, Imajki predvid Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, posebno tolkuvanje na dopolnitelnite uslovi za prijem na kandidat vo OON, Konstairajki deka pregovorite okolu definiran problem od Rez.817 na SBON i 47/225 na ONGS ne dale dosega nikakov sustinski rezultat, Konstairajki deka pri priemot na kandidat se postaveni dopolnitelnite uslovi nadvor od clen 4. od Povelbata, spored definicijata od Sovetodavnoto Mislenje na MSP od 28. maj 1948.g, , i spored ONGS Rezolucija 197/III, od 1948 godina, Pocituvajki gi principi i normi sodrzani vo clenovite 2. i 4. od Povelbata na ON, Donesuva odluka da drzava koja dosega nosese denominacijata Bivsa Jugoslovenska Republika Makedonija , spored odlukata 47/225 na ONGS, nastavuva svoeto clenstvo vo OON, so svoeto ustavno ime Republika Makedonija.
Зевзекмен, 25.05.2012 21:32:27
за корупција прифаќам, а ја има од вардара па до Триглава... но за човековите права нека нејадат трици..го избркаа ромите од Франција, во Словенија ги набија во едно гето. Ајде да видиме каде на балканот и светот ромите имаат повеќе права од Македонија , Хрватска и Србија ?? Или каде има таква мултинационална слобода како кај нас, едно чудо се запослија по рамковен договор...
pile, 25.05.2012 23:43:32
,До такви поразителни податоци дојдоа самите судии и креваат рамења. Зашто, пред фактите и боговите молчат, а камоли, нашите земски богови, од чија моќ на пресудување зависи судбината на обичните луѓе. Бидејќи, едно парче хартија може комплетно да ти го промени животот.Од сиромав да те направи богат, од чесен човек- крадец, од некој што ни на мравка не може да згазне- убиец.Gordana Duvljak Utrinski Vesnik 05.04.4006 god.Posle 6 godini na vladeenje na prerodbenicite pod rakovodstvo na Gruevski i DPMNE i kontraverzni Ministri za nepravo, imame vakov izvestaj od Stejt departmentot na SAD, sto misllat parlamentarcite od pozicijata i G-gja Teuta Arifi, kakov ke bide izvestajot od EK vo oktomvri,koga reakcijata ja slusnavne od Premierot.Toa bile standardni ukazjuvanja,znaci se slozjuvate site deka pravnata nesigurnost za vreme na vaseto vladeenje e zastapena i seuste sedite vo Vladata i Parlamentot.Ovaa veke e alarmantno i go doveduva opstanokot na drzjavata na vakvi osnovi.OSTAVKI
sime, 26.05.2012 07:42:07
Do narodot e po mene,trpi da te vikaat trpe.Trpen spasen.
ФЕЛИКС, 26.05.2012 09:14:16
Наполно се сложувам со џив-џив да пред фактите боговие молчат дури и широко ги затвараат очите.Па така си пишуваат фермани кој тоа прекршува владеење на правото а самиот не прифаќа владеење на меѓународно право.Па имаме загрозени човекови слободи а во исто време се прави Арапска пролет без да се поочитува вољата на арапскиот народ.Па имаме подржување на диктаторски режими и семејни династии а од друга страна критика на легални власти.Па имаме ширење демократија кај земјите богати со нафта,за потоа повлекување и оставање земјата во тотален хаос.Па имаме осуда на полициско-државно насилие во исто време се молчи кога некој се каменува,некој се егзекутира или се сакати за религиозен прекршок.Се бараат права на малцински групи,а се молчи кога малцински групи се екстрадираат,не се признава да постојат и т.н Се на се двоаршинско и опсервирање на работите од страна на ,,светскиот џандар,,.Да се разбереме тоа не е алиби за нас туку пречи критиката од некој кој е надворешно далеку бетер.
mkd, 26.05.2012 10:48:32
A koj pa nema problemi so covekovite prava pocnuvajci od samata SAD. Kakva brutalna sila upotrebi da razbie mirni demonstracii doma a sega drzi lekcii niz cel svet .Smesno. Edinstveno Skandinavskite zemji imaat lice da drzat vakvi lekcii i nikoj drug.
lisa, 26.05.2012 12:53:16
Kako moze nekoj koj ne pocituva sudska odluka i megjunaroden praven poredok da ne kritikuva za nepocituvanje na vladeenjet na pravoto?
девичанецот, 26.05.2012 14:27:53
Прво во Стејт Департментот нека докажат дека ги почитуваат правата на своите граѓани, па после нека јадат трици колку сакаат.
стандардно, 26.05.2012 15:46:07
Македонија се најде во друштвото на Северна Кореја, Зимбабве и Белорусија. За премиерот тоа е „стандардно„. Но стандардна ќе биде и оценката на ЕК во септември со која Македонија ќе добие негативна оценка за човечките права. Затворањето на А1 и процесот против Рамковски, апсењето и судењето на Љубе Бошјовски, апсењето и судењето на фармерот Душко за наводна трговија со дрога, прогласувањето на осомничени луѓе за терористи нивна тортура, апсењето и хајката против Вранишковски го видоа сите странски амбасади во Скопје. Во ваква земја никој солиден нема да инвестира.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |