25.05.2012, 14:35 Богдановски 38. во Европа на 200 м слободно
Анастасија Богдановски го освои 38. место на 200 метри слободно во конкуренција на 41 пливачка со пласман во оваа дисциплина на 31. Европско првенство во унгарскиот град Дебрецин. Единствениот македонски претставник на шампионатот забележа време од 2:09,40 минути, послабо за 10,33 секунди од најдобрата во квалификациите Федерика Пелегрини од Италија.
На 18-годишната Македонка од Њу Џерси, кој заврши 56. меѓу 61 натпреварувачка на 100 м слободно, и' преостанува уште утрешниот настап на 50 м слободно. (Р.Д.)
|