24.05.2012, 11:26 Филаделфија се избори за мајсторка со Бостон
Сиксерси синоќа пред своите навивачи ги победија селтикси со 82:75 и израмнија на 3:3 во полуфиналната серија на Истокот
Кошаркарите на Филаделфија се изборија за решавачкиот седми натпревар од полуфиналето на Истокот во НБА плеј-офот, откако синоќа пред своите навивачи го победија Бостон со 82:75.
Пет играчи кај победничката екипа имаа двоцифрен број поени: Џру Холидеј - 20 поени, Елтон Бренд - 13 поени и 10 скокови, Андре Игудала и Еван Тарнер - 12 поени и Лу Вилијамс - 11 поени).
Кај екипата на Бостон со исклучок на Пол Пирс (24 поени, 10 скокови) и на Кевин Гарнет (20 поени, 11 скокови), кои имаа „дабл-дабл“ учинок, останатите играчи потфрлија.
Мајсторката ќе се одигра в сабота, а за вечерва е закажан шестиот натпревар од дуелот Индијана - Мајами (Мајами води со 3-2 во победи).
|