22.05.2012, 15:34 Косово може да игра пријателски средби
Оваа било усвоено на состанокот кој ФИФА го одржа во Будимпешта, во минатите два дена
Светската фудбалска организација (ФИФА) донела одлука дека Косово може да игра пријателски натпревари, потврди претседателот на косовскиот фудбалски сојуз, Фадиљ Вокри. Оваа било усвоено на состанокот кој ФИФА го одржа во Будимпешта, во минатите два дена.
„Се уште не сме примени како полноправни членови и нема да смееме да настапуваме во квалификации за ЕП или СП, но ќе можеме да играме пријателски натпревари со земјите кои го имаат признато Косово“, изјавил Вокри. Веќе се знае дека првиот пријателски меч, Косово ќе го одигра против селекцијата на Турција.
|