22.05.2012, 13:22 (ФОТО) Тренинг во ватерполо услови на А-тимот
Дождливото време утрово во Скопје го преплави вештачкиот терен кај салата „Градски парк“, па тренингот на македонската фудбалска репрезентација повеќе наликуваше на ватерполо отколку на фудбал.
ФОТО: Петр Стојановски
На денешниот тренинг се појавија вкупно 16 фудбалери, а недостигаше само Горан Пандев за кого е најавено дека ќе дојде на попладневниот собир.
|