Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
21.05.2012, 13:41

Пандев: Овој Куп ми е најдраг



Со победата на Наполи над Јувентус од 2:0, Македонецот стана првиот фудбалер со четири трофеи од Купот на Италија во низа

Горан Пандев специјализира на тема „Копа Италија“. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација го освои италијанскиот Куп со Наполи и стана единствениот играч во историјата на ова натпреварување што успеал да го крене пехарот четврта година по ред. Во финалето на „Олимпико“ во Рим, Наполи го совлада Јувентус со 2:0, а Пандев беше асистент на вториот погодок, под кој се потпиша Езекиел Лавеци. Македонскиот фудбалер влезе во 71. минута, кога неговиот тим веќе водеше со 1:0 по прецизно изведениот пенал на Единсон Кавани во 63. минута.

„Презадоволен сум. Ова за мене е четврти и најмил пехар во Купот на Италија. По��едивме заслужено против голем противник, а Наполи и сите негови навивачи го заслужија овој успех. Ние сме првите што го победивме Јувентус годинава и тоа не' исполнува со задоволство. Многу сум среќен. Се надевам дека ќе останам во Наполи, но се' уште е рано да се зборува за тоа“, изјави Пандев, кој минатите две сезони славеше во оваа конкуренција со Интер, а во 2008/2009 го освои како играч на Лацио, и тоа како најдобар стрелец во Купот таа сезона.



Покрај четирите пехари освоени во низа, Пандев е еден од ретките што успеал да го освои Купот со три различни екипи. Ако го одржи овој ритам, можеби ќе се запише и меѓу најуспешните на сите времиња. Засега Дејан Станковиќ и Роберто Манчини се најуспешни со по шест освоени пехари, а четворица играчи имаат по пет трофеи.

Наполи го освои четвртиот пехар во Копа Италија, прекинувајќи го постот без каква било титула уште од 1990 година, кога ги освои Серија А и италијанскиот Суперкуп. Јувентус остана на девет трофеи во Купот, колку што има и Рома на врвот на листата освојувачи. Ова е првиот пораз за Јуве сезонава, иако, технички, загуби и од Милан во реваншот од полуфиналето со 2:1, но по 120 минути излезе како победник. (В.А.)


Статијата е прочитана 1173 пати.

Испрати коментар



Мајами на една победа до финалето на Истокот
Холандија потклекна пред македонските надежи
Вардар на роденденска прослава во Кишињев
Ананд експресно израмни против Гелфанд
Косово може да игра пријателски средби
Анастасија Богдановски 56. во Европа на 100 м слободно
(ФОТО) Тренинг во ватерполо услови на А-тимот
Антиќ со Олимпијакос поведе во грчкото финале
Оклахома во финалето на Западот
Надал си го врати трофејот во Рим од Ѓоковиќ
Монпелје прв пат првак на Франција
Сан Антонио ги збриша клиперси
Русија светски шампион во хокеј на мраз
Камерон „му пресуди“ на Тери
Пандев со Наполи ја освои четвртата Куп титула во Италија
Вардар Про го освои ракометниот Куп на Македонија
Челзи е сензационален победник во Лигата на шампионите



vane, 21.05.2012 14:17:25
inace prava glupost kazana od pandev! nema pocit sprema ekipite vo koi sto igral!
ljupcho, 21.05.2012 20:50:16
Pandev najdobar MAKEDONSKI fudbaler srekno.....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |