22.05.2012, 12:57 Антиќ со Олимпијакос поведе во грчкото финале
Европскиот првак е на добар пат да дојде и до грчката круна, откако победи дома со 84:78 против Панатинаикос на стартот од финалната серија од плејофот
По освојувањето на Евролигата, Перо Антиќ и неговиот Олимпијакос се на добар пат да дојдат и до грчката круна, откако победија на домашен терен со 84:78 против Панатинаикос на стартот од финалната серија од плејофот. Капитенот на македонската репрезентација во игра помина 20 минути, во кои постигна девет поени и шест скока.
Вториот дуел меѓу двата лути ривали е закажан за денеска, а се игра на теренот на Панатинаикос. Финалната серија почна со задоцнување од неколку дена поради инцидентот што го направија навивачите на Олимпијакос, кои го демолираа автобусот со кошаркарите на Панатинаикос непосредно пред почетокот на првиот меч. (М.К.)
|