21.05.2012, 19:09 Груевски и' сврти грб на реалноста
Сопирачки и со досега невидена жестока реторика го нападна најсилниот воен сојуз НАТО за непринципелност
Наум Котевски
Премиерот Никола Груевски ја измести јавноста со интервјуто за државната агенција МИА, во кое без сопирачки и со досега невидена жестока реторика го нападна најсилниот воен сојуз НАТО за непринципелност, поради бескрајното одолжување со нашиот прием.
Не дека некој не слушнал такви ставови за лицемерството на големите сили, напротив. Но, едно е кога тоа се случува при секојдневните лефтерни седенки во кафеаните, а сосема друго е кога такви несекојдневни остри тонови доаѓаат од премиерот на една држава, кој гневно вели дека „од дипломатските фрази на одредени претставници на некои водечки членки на НАТО, кои се крајно непринципиелни, ми доаѓа мачнина“.
„Сега со денови ќе се радуваме на некои заклучоци и на крајот ќе треба да заклучиме дека Америка, Германија, Франција и други ни се големи пријатели, и да сме многу среќни и да се чувствуваме должници за тоа“, ќе продолжи со рафалната стрелба Груевски, кој со емотивното празнење несвојствено за модерната реалполитика, како што сметаат поголемиот број експерти, не' турка подлабока во дупката на важни прашања без одговор, каде што јавноста може само да си ја чука главата и да размислува дали сето ова значи дека Македонија и, дефинитивно, се откажува од она што беше нашата главна цел - евроатлантските интеграции. Особено што некои од луѓето кои ја поддржуваат политиката на премиерот излегоа со слични размислувања на крајот од минатата недела, а и порано.
„По мое длабоко убедување, веднаш по самитот во Чикаго треба да почнеме нова политика и нова стратегија. Да размислиме за повлекување од мисиите во Авганистан“, порача ексамбасадорот Ристо Никовски, кој се повлече од местото советник за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов по колумната во која остро го нападна бившиот амбасадор на САД во земјава, Филип Рикер.
Ексамбасадорот во НАТО, Нано Ружин, смета дека Груевски со таквиот став, искрен, нервозен, еуфоричен и непријатен, што не му прилега, според него, на еден државник, сака да создаде постбукурешка атмосфера.
„Тој практично и' се обраќа на масата граѓани, бидејќи сите на некој начин сме лути. Но, тоа е популистички речник, кој не се очекува од државник. Изненадува неговата изненаденост. Сите знаевме многу одамна што ќе се случува во Чикаго“.
Ружин потенцира дека сега сме сведоци на ситуација кога се буни најголемиот виновник што Македонија е фрлена во агол.
„Во 2008 година амбасадорката во НАТО, Викторија Нуланд, преку мене замоли да го повлечеме именување на аеродромот во ’Александар Велики‘. Груевски го одби тоа пред сите амбасадори. Тоа предизвика гнев кај Грците и беше неминовно уште повеќе да се влошат односите“, открива Ружин, кој на прашањето како гледа на изјавата на Груевски дека „ако јас бев претседател, немаше да отидам во Чикаго“, вели: „Претседателот Иванов е таму не поради тоа што е соработник на Груевски, туку дека Македонија е повикана за точката Авганистан каде што имаме мировни сили. Министерот Попоски, пак, е таму заради тоа што постои состанок со Хилари Клинтон за државите аспиранти - Македонија, БИХ, Црна Гора, Грузија. Ако во 2002 година друштво како аспиранти ни правеа балтичките држави, во 2006 ни правеа Хрватска и Албанија, денеска ни прават друштво земји кои тогаш немаа поим дека воопшто ќе бидат во таква позиција. Тоа јасно покажува до каде не' доведе политиката за евроинтеграциите“, резонира Ружин.
За дисонантните тонови кои дојдоа од државниот врв, професорот смета дека тие се последица на тоа што „на Груевски не му е гајле што ќе каже претседателот, туку што ќе каже тој“.
„Сега прави маневар за да профитира во јавното мислење, особено по лошиот рејтинг на агенцијата Рејтинг. Тоа не' доведува во ситуација да размислуваме за следната ориентација. Дали под влијание на новиот претседател на Србија, Томислав Николиќ, ветрот ќе не' издува кон Русија, или дали посетата на Кина влијаела на ваквиот негов настап. А можеби премиерот сака да каже дека, ете, се' што можевме употребивме, па сега да видиме дали НАТО ќе реагира. Но, лично тврдам дека НАТО нема да реагира, туку само ќе констатира жалење што на таков начин некој се расправа на светската политичка сцена. Во таа војна со НАТО Груевски ќе остане осамен на Балканот. Тоа нема да и' донесе корист на Македонија“, потенцира Ружин.
И првиот министер за надворешни ��аботи на Македонија, Денко Малевски, има слично мислење.
„Проблемот со мнозина наши политичари е отсуството на образование во сферата на меѓународната политика, чие друго име е политика на сила. Тоа е образование кое учи дека интересите, а не некаква апстрактна правда го условуваат поведението на државите, дека двојните стандарди се факти на животот, дека меѓународното право се применува селективно, дека правдата не треба да ја барате во структурата на меѓународното општество на држави“, смета Малевски, кој додава дека „ако ги исфрлите од калкулација овие елементи, па заклучите дека суштината на политиката е да создава вредности, а не да штити интереси, како што го направи премиерот во своето интервју, тогаш живеете во свет на илузии“. „Меѓународната политика е тешка дисциплина и токму поради нужноста овие непријатни дисциплини да се земат предвид при решавање на меѓународните проблеми, зашто без нив формулата е погрешна, па таква ќе биде и нашата надворешна политика“, потенцира професорот.
ДУИ: Емоциите да не не' дефокусираат
„Се согласуваме со оцената на Груевски, дека Македонија ги има исполнето сите услови за членство на земјата во НАТО, но не се согласуваме со оцените дека меѓународната заедница, односно НАТО и ЕУ користат политика на двојни стандарди кон земјава“. Ова вчера го истакна Бујар Османи, соопштувајќи го ставот на владејачката ДУИ по неуспехот на Македонија во Чикаго, како и по интервјуто на премиерот Груевски, кој предизвика лавина реакции. Од партијата на Ахмети велат дека принципот на консензуалност во НАТО и ЕУ е конзистентен за сите држави кандидатки за членство во овие организации.
„Не смееме да дозволиме емоциите и разочарувањата да не' дефокусираат од реализацијата на стратешките, националните и државните цели. Прашањето за зачленувањето во НАТО е затворено со Извршната одлука на Самитот на НАТО во Букурешт, во која се вели дека Македонија ќе стане членка на НАТО на денот на решавање на спорот со името, и за тоа не е потребен нов Самит“, рече Османи. Според него, меѓународната заедница има добра волја да ни помогне на нашиот пат кон евроатланските интеграции и дека за нас нема друга алтернатива. (П.Р.) |
|
Статијата е прочитана 7533 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 22.05.2012 00:11:52 | Deka NATO, EU, i voopsto politikata se dvolicni, toa e fakt.Toa veke go znaat i srednoskolcite. No da zboruva za licemerie i dvojni standardi covek koj gi upotrebuva do maximum za da si obezbedi vlast i interesi, e krajno iritiracki. Uste koga izleze Haskata*presuda*mnogumina kazuvaa i pisuvaa deka toa e obicen list hartija, pisuvaa i deka vo Chicago nema ni da bideme spomenati, no tokmu ovaa Vlada na celo so ovoj covek gi narekuvaa tie luge grcki platenici, predavnici itn.Mnogumina pisuvaat i kazuvaat i deka onaa cirkuzijada narecena road show za privlekuvanje stranci e obicno trosenje pari i zamajavanje narod, no povtorno tie tvrdat deka ne e. Eden den koga ke bankrotirame i koga site smetki ke izlezat na videlina, togas povtorno ovie istite ke placat i kazuvaat deka svetot e licemeren.Nikoj ne ni e kriv sto imame Vlada koja vladee so lagi, dvojni standardi, sila i manipuliranje.Ako toa proaga na Sitel, ne proaga vo svetot.Mozat da placat po doma kolku sakaat.Realnosta e poslozena. |
| GORAN, 22.05.2012 00:50:47 | Samo ke kazam edno...BRAVO za premierot, bez razlika sto mozebi nekoj ke kaze ne trebase vaka da kaze...toj go kaza ona sto sekoj makedonec go custvuva vo momentov...sekoja cest |
| Блогај Каспаров, 22.05.2012 01:27:35 | Просто е треба само да го ставиме името
Republic of Makedonia и сме завршиле работа...
MAKEDONIA ќе ни заврши работа на сите и ќе биде автентични за нашиот јазик и територијата. |
| sasho, 22.05.2012 01:46:36 | Jovane vo greshka si. Pogledni gi pravnite argumenti bez emocii i ke vidish deka tie argumenti se na stranata na Makedonija. Vo NATO vladee sila, a ne pravda. Da nemashe izbori vo USA situacijata ke beshe poinakva. Obama se bori za vlast i ja zrtvuva Makedonija. No ke mu se vrati skapo. On gubi na rejtinzite od Romni, zoatoa shto e ne principielen. Skoro se shto go vetuvashe vo prvite izbori beshe laga. Taka i ovie negovi zborovi se laga. Ne go napagjaj Grujo zoshto cukash na pogreshna vrata. |
| Darko, 22.05.2012 02:05:36 | A be dosega ne ni bese jasno deka ne ne sakaat,sto makedonija ke napravi ako vleze vo Nato i EU.EU ke se raspandane i taka.Nasiot pat bill i ke bide nie da sme so Rusija i Kina.Tie se svetski sili i vo naoruzvanje i ekonomski.Na Grcija i nato ke i ja ztovrime ustata samo ako na Krivolak se napravi Ruska baza.Jas go pozdravuvam Premeriot za ovaa izvajava. |
| Meto, 22.05.2012 02:19:21 | Mora da se slozime deka ova e vistinata. A moze da se diskutira dali e ova takticno ili ne. A ima i edna druga golema vistina: se dodeka sme fini i konstruktivni na nikogo ne mu pagja na pamet da gi suredi Grcite |
| dragan kavadarci, 22.05.2012 02:31:21 | sekoja cest za premierot. za ovakvi klucni prasanja ne treba da se zamajuva javnosta i jasno treba da i se kaze iako golem del od nas vece znaat. |
| Boro, 22.05.2012 02:49:03 | Jovane, nie opstojuvame dvaeset godini vo samostojnost i so voeni zakani i ne bankrotiravme, naprotiv nekoj drug bankrotira podrzuvan od doticnive koi go krojat eden del od svetot. Izmekari ili patrioti, pragmatizam ili emotivnost, koe e resenieto? Treba da se dicime ili pomirime so toa sto ne ne sakaat so ovoj identitet sto im gi mrsi nivnite pragmaticni prikazni i po moe mislenje, ako ja svativ porakata na premierot, ednas da svatime deka treba da se nasocime kon gradenje na Makedonija vo kompletna smisla, mozeme da se poucime od bliskato minato kako omrazenite nacii od celiot svet povtorno se izdignaa na piedestal, ne zaradi toa sto nekoj gi podrzuval od nadvor, naprotiv, zaradi nivnata upornost, rabota i nivnoto dicenje so svojot identitet. |
| Elena, 22.05.2012 03:39:00 | Aman veke so Nano Ruzin. Covekot posle ambasadoruvanjeto Vo NATO dobi nekakva vaznost. Aman vekje. I projde rokot na traenje. Grujo ne kaza nisto sto ne e tocno., |
| sandra, 22.05.2012 06:01:39 | Bravo za sekoj zbor izrecen od Gruevski! Toa sto sme mala drzava ne znaci po avtomatizam deka treba da prodolzime so bezrbetnickata nadvoresna politika! |
| Meto, 22.05.2012 06:04:38 | Ne mi se jasni profesorite po pravo. Ako treba da se pomirime so politikata na sila na megjunarodna scena togash zoshto se zalime za politikata na sila na domashna scena. Ako treba da sme krotki nadvor togash treba da sme krotki i doma, neli? |
| nacional-patriot, 22.05.2012 07:11:43 | Koga nekoj saka da vleze nekade,a e blokiran od nekogo,normalna i prirodna reakcija na toj sto e blokiran da se luti na onoj sto blokira.No ako toj sto e blokiran ne se luti na onoj sto blokira,tuku pricinata ja bara i ja gleda vo drug i lutinata ja pokazuva kon sosema drug,togas so blokiraniot nesto e mnogu cudno ili ima nesto sto e najverojatno.Toa e deka na blokiraniot vsusnost ne mu e vazno vleguvanjeto kade sto navodno saka da vleze nekade,tuku ima nekoja druga cel koe za da ja ostvari se preprava deka mnogu mu znaci vlezot i clenuvanjeto tamu kade sto e blokiran.Tokmu SDSM-ovcite taka se odnesuvaat.Namesto da se lutat na nivnata draga i sakana Atina,tie se lutat na vlasta koja ne saka vlez po sekoja cena vo NATO i EU.Stom ne se lutat na Atina tie se soglasuvaat so nea i sakaat da se smeni imeto,a nivnata navodna zelba za clenstvo e paravan za da ja sokrijat nivnata vistinska zelba,t.e. da se smeni imeto.Povekje od jasno e deka N I K O G A S nema da se smeni imeto |
| Македонец, 22.05.2012 07:30:09 | Сакам да му честитам на премиерот што јавно го кажа тоа што го мислат и чувствуваат сите Македонци. Време е веќе да си го побараме чарето на друга страна, а не таму кај што очигледно не не сакаат. Ете им ја Грција и нека им е со среќа. |
| Igor, 22.05.2012 07:36:12 | A koi se ekspertite Utrinski koi gi soevetuva? Ruzin i Malevski. Ha Ha! Ruzin sigurno mu se luti na narodot sto ne go izbra za pretsedatel, a Malevski sto ne e vo SFRJ. I sega i dvajcata od svoja realna i ekspertska strana komentiraat za disonancija. Da ne e smesno, ke bide tragicno ili kako veke bese toa. |
| Canada, 22.05.2012 07:45:43 | Sosema vo pravo e Gruevski i da se site kako nego slozni i direktni: do koga so potkleknuvanja i diktaturi od nadvor...da ne koristime termin Makedonija, Aleksandar Makedonski-Veliki, smena na zname ... imame li svoe jas ? AJDE DA SE ODRECEME OD ONA STO SME ? |
| melbourne, 22.05.2012 08:03:30 | Za zal vo pravo e komentatorot GORAN,samo toj ne svaka deka Gruevski e premier a ne obicen covek i zatoa ne smee da bide emotiven,a od druga strana toj e deteto koj ne gi slusase vozrasnite koga mu velea da ne postapuva detinski,i zatoa ke mu udrat nekoja slakanica sega.Abe toj pod hitno treba samiot da si podnese ostavka dokolku ja saka Makedonija.Samo nikogas samiot nema da se trgni od taa pozicija. |
| ivan, 22.05.2012 08:29:25 | Doma neka si place momcevo kaj majkamu, ova e drzava i nema placki. A pravda nema nikade site znaeme samo kako ke se spravis so nepravdata. Najlesno e da se place. |
| Istocna Makedonija, 22.05.2012 08:38:51 | Reaigiranjeto na premierot e iskreno,od dusa,vo
kolku nema doza na politika i alibi!Sepak,treba
umerenost,bideji ne ni odgovaraat konfrontacii
so velesilite.Vo niv e mokta i NIKOJ ne gi pobe-
dil!Samo umereno i so takt,emocii nikade ne vodat
|
| od strana, 22.05.2012 08:42:58 | Оваа година Република Македонија ќе (треба да) донесе судбоносна одлука во однос на името на државата т.е. за иднината на цела Македонија. Тврдам дека до сега го имаме најдобриот премиер кој во многу области се труди да го направи најдоброто за цела земја, но блокадата од Грција е веќе неиздржлива! Остануваме надвор од НАТО и ЕУ, а тој луксуз не можеме повеќе да си го дозволиме. Груевски е добар политичар и економист, но е слаб визионер! Луѓе ДОСТА Е! Морално ја победивме Грција, но политички сме и понатаму губитници. ВРЕМЕ Е да се соочиме со реалноста - мора да се смени името. Ни треба НОВО! Предлог: „Република Нова Македонија“ (националност и јазик си остануваат „македонски“). „Нова Македонија“ бидејќи ДОСТА ми Е од оваа веќе над 20 год. тапкање во место, нека се стави КРАЈ на болната ТРАНЗИЦИЈА и од оваа играње на „државност“ и „патриотизам“. „Стара Македонија“ беше од 1991 до 2012 - сега доаѓа новата, влез во НАТО и ЕУ. Е тогаш да ја видам Грција кога НИЕ ќе ставаме ВЕТО... |
| Оливер, 22.05.2012 09:05:06 | Премиере, никој нема да Ви го сврти грбот ако го чувате достоинството на Македонија, горд сум со вашата изјава. |
| столе, 22.05.2012 09:36:35 | Професорот Нано Ружин лично тврди дека НАТО нема да реагира, туку само ќе констатира жалење што на таков начин некој се расправа на светската политичка сцена, но постапките на една организација која не почитува судски пресуди се не релевантни. Кому му е гајле што тие мислат кога игнорирањето на хашката пресуда јасно дава до знаење дека станува збор друштво со искривени вредности :) Инаку НАТО во комбинација со Грција и до сега не изолира со недобивањето на покана за членство па не останавме изолирани. Не сфаќам, демек до сега НАТО ли ни ја гарантираше отвореноста кон светот? Редно беше некој од претпоставените да собере храброст и да им каже на западнјациве дека се двојка. |
| ФЕЛИКС, 22.05.2012 09:42:44 | Да не го коментирам написот на иста тема и да се преповторувам.Интересантно е кога како Jovan се знае и за дволичноста на НАТО и ЕУ,знае да меѓународни правни норми однесувања се сведуваат на парче хартија,што значи негово и наше понижување како народ и држава.Е сега кога некој реагира се прават паралели да дома и тој така се однесувал.Без да види да токму однесувањето неговото и на истите такви кој предходно ништо,ама апсолутно ништо не направија околу проблемот со името одат на рака на понижувачот,а покажуваат безрезервна понизност при тоа.Ова личи на мазохизам.Е тоа е што поминува тука понизност,гумарабика рбет,немање национално достоинство.А нормално се обвинува оној што добил легимитет според апсолутно сите анкети и е далеку подобар од овие никаквите.И на крај еве повик ,,ајде на избори,,еве ви шанса овие да ги тргнете,се друго е вербална гимнастика во која само ретки веруваат. |
| mkd, 22.05.2012 10:05:15 | Namesto da go napadjate premierot treba da go podrzite bidejki so kolenicenje ne dobivme NISTO. Vreme e za nova strategija kade ke se frlat maskite |
| девичанецот, 22.05.2012 10:07:28 | ПОчитуван Нано,
па гледај ја снимката од изјавата на премиерот.
Тој ја кажа вистината. Смирено. Немаше никаква нервоза. Нервозен е твојот коментар.
Ако треба да дискутираме за дволичноста на НАТО, за неговите постапки кои со ништо не се разликуваат од фашизмот на Хитлер..ајде повели.
Ако сакаш да го замајуваш нашиот народ, дека ете, НАТО бил силен...верувај сам ќе останеш. |
| pile, 22.05.2012 10:25:55 | Citam vo denesen ,Fokus za suspenzija na ugledniot hirurg D-r Todor nNospal za navodno oddavanje na delovna tajna i vodenje disciplinska postapka protiv nego.A koja postapka i koj treba da povede protiv licnost ili grupacija ako gi izdade interesite na Drzjavata G-din Svrgovski.Ako do pred intervjuto na najpatriotskiot Premier nemavte dovolno dokazi deka se raboti za velepredavstvo na drzjavnite interesi, sega veke nema osnov postapkata da ne zapocne , a koj ke bide prvo osomnicen i dali kvalifikacijata ke se zasnova na nebreznost ili scenarija so umisla toa e irelevantno vo momentot.Ako neznaete kako konsultirajte se so megjunarodnite kolegi, no nesmeete da molcite poveke.Ostavete gi metodite na Ministerot za vnatresni raboti da cekate nekoj da oddi vo penzija pa da vrz nego go sproveduvate Zakonot.Citav vo drug pecaten medium intenzivno se rabotelo na izvedba na vtor del od dramskoto delo Kole Egejceto,neznam vo koj medium bese najverojatno ke go povtorat. |
| makedon, 22.05.2012 10:40:48 | sekoj gord i prav makedonec ke go kazi ona sto go kaza gruevski bravo , nema da smenime nase sveto ime za nisto na svetov makedonija vecna . |
| Denko znalacot za site vreminja, 22.05.2012 11:21:49 | Dobro i Denko Malevski , i Ana pavlova Daneva sto gi vospituvaat i ucat studentite koga zakonite i presudite ne trebalo da se pocituvaat? Kako toa nie trebase da napravime otstapki i sega da go pocituvame ramkovniot dogovor a nasite presudi i baranja ne treba da gi pocituva nikoj. I tamo kako garant i dogovorni strani se potpisani EU i SAD. Pa i toj sud vo HAG go ima formirano ON ne go izmislivme nie. I na taa privremena spogodba se potpisani SAD. Kade e principot na ramnoteza i pravo na koj pociva civilizacijata? Ako ne treba da ima pravo Denko i kompanija neka gi ispraznat kabinetite i neka ne ne tormozat so svoite soznanija i kvazi soveti. Koga imaa prilika da napravat nesto se proslavija a sega so kvazi analizi sprema naracka i dnevni potrebi se obiduvaat da go razrusat sistemot i i da instaliraat sustinska nepravilnost. |
| Slavjanin, 22.05.2012 11:44:14 | PA DAJTE VEKE EDNAS DA GO SMENIME IMETO!
Sega sme vo situacija na uslov za promena na imeto za da prodolzime so razvojot, a bogami i za da opstaneme kako drzava (poradi krevkite megjuetnicki odnosi koi se vlosuvaat paralelno i usloveno od evro-atlanskata stagnacija).
Pred da dojde Gruevski na vlast svetot ne ja ucenuvase nasata integracija!
E pa, dragi sogragjani, prasajte se koj najmnogu pridonel vo poslednite 20 godini za Makedonija da se najde vo bezizlez vo odnos na imeto! |
| strumica, 22.05.2012 12:58:24 | Apsolutna podrzka do Premierot. |
| od citatel, 22.05.2012 13:24:39 | citam cestitki do nikola dobro postapi narecen makedonec e saka makedonija pa neli e toj istijo nikola sto do pred edna nedela glymese deka ke dobieme pokana za clenstvo vo nato kako odedenas se slyci ova pocityvani makedonci nikola e eden neviden licemerc i lazgo |
| Tome, 22.05.2012 13:40:38 | Sega Grujo treba da napravi eden spomenik narechen- chekalna barem toa im odi od raka pa taka Makedonskiot narod ke ima istorisko obelezije od negovoto vladeenjee. Edno e sigurno teshko na Makedonskiot narod so takvite politichari koji ne se sposobni da vodat domashna politika a kamo li nadvoreshna a ke treba i chekalnicata da ja priosposobat za stalno zivelishte.
|
| Povelbata na ON e prekrshena: Пречекорување овластувањата !, 22.05.2012 14:16:08 | Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za. |
| канаѓанка, 22.05.2012 14:36:07 | Зошто тогаш премиерот отворено не каже дека не сака во ЕУ и НАТО, како што не сакаат и мнозинството македонци како него!? Неговиот став е став на мнозинството овци. Да сум опозиција - ќе гледам сеир и ќе го оставам да тоне до дно и нема да повикувам на протести. Малку трпение - тие што го избраа тие и ќе го тргнат. Се што ќе следи по него - може само подобро да биде. |
| Миле - Охрид, 22.05.2012 15:27:54 | Добредојдовте Денко Малевски, Нано Ружин и останати заговарачи на идејата за прифаќање на грчките шовинистички уцени. Дали почнува вашето road show по македонските медиуми со цел промена на името на Република Македонија и нејзино конечно бришење од картата на светот? |
| lile, 22.05.2012 16:58:34 | Lele od strana PREDAVNIKU!!!!
Mislis taka tebe te cekaat vo nato i eu (namerno napishani so mala bukva). Ne mi se veruva deka voopshto postojat Makedonci koi razmisluvaat vaka. Ili mozebi ne si Makedonec? Mozebi si OD STRANA?
Makedonskiot narod veke tolku dolgo ceka da bide primen nekade, da bide prifaten kako ramnopraven so drugite, shto zaborava da se svrti naokolu i sogleda deka nikoj ne procvetal od nato i eu. Ima i drugi nacini da se uspee i na ekonomski i na drugi planovi, ama da se smeni imeto ne e nacin. Razmisli malku, koj posle ke ne ceni? Ludost!! Od vakvi prodadeni dushi Makedonija strada. Bravo za Premierot!!!!!!! |
| Ајван Доктор®, 22.05.2012 17:26:22 | Реторика?!Колку ми е познато таа е уметност во изразувањето и во говорењето!Реториката,претпоставува убав говор и правилен изговор!Беседништво,кое подразбира речитост и елоквентност!Она што успеав донекаде да разберам од немуштиот боксерски речник е дека другите ми се виновни,САД,Франција,Англија,Германија,а особено Грција!Тие се виновни за трошењето пари за непродуктивни лековити илузии на пастиwската идиvа,за лекување на неговиот инкурабилен комплекс на инфериорноста,за милијардите евра потрошени за глорификација на кавернозниот патриотизам!Гркот ми е виновен што пациенти умираат на клиниките поради недостаток од апарати,лекови,медицински помагала!Амерот ми е виновен што имаме сè повеќе високообразовни установи,а сè помалку образовани луѓе!Французите ми се виновни што наместо модерни градби и модерна уметност,кич-власта поддржува инсенен барок и нахален соцреализам!Англичаните се виновни што додека кај нас извадиш документи за идентификација,во светот за истото време градат сателити! |
| Stefan, 22.05.2012 18:12:38 | 1. Se nalepivte site na intervjuto kako... Pa toa e samo vo funkcija na krevanje na rejtingot. Inaku dobro e poznato deka Toj prifati promena na imeto no Grcite ne go prifatija predlogot. 2. Site vie patrioti imate moznost na svetot da mu pokazete kolkavo e vaseto dostoinstvo. Eve vi patokaz: Koga nekoj od semejstvoto ke se razboli dostoinstveno odbijte da se vozite so vozilata na brza pomos koi se podareni od zemja clenka na Eu ili NATO, odbijte da se lecite so aparati koi se donirani. Da ja naterame Vladata da se otkaze od site grantovi za patista, vodovodi, i sekoja druga nepovratna pomos. Da si gi vratime nasite deca koi se zaminati na studiranje vo stranstvo. Site nasi od dijasporata vednas da se vratat vo Makedonija i taka site zaedno i DOSTOINSTVENO da mu pokazeme na svetot deka so nas nema sala. |
| tomce, 22.05.2012 20:26:26 | eeeeej leko pleme(zombi) --ne bile sloveni ami anticki makedonci---sega da im kaze Latas kaze -srbi ste -i site vo eden glas -srbi sme
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 23°C
Ведро
|
Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
Среда
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 21°C
|
|
|
|
|
|