Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
21.05.2012, 18:55

ДПА бара предвремени избори

Опозицијата чека оставки од вицепремиерката Теута Арифи и од министерот за одбрана, Фатмир Бесими

Светлана Унковска

Демократската партија на Албанците побараа вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за одбрана Фатмир Бесими веднаш да си поднесат оставки поради неуспехот на Самитот на НАТО, како и да се закаже итна собраниска седница која ќе резултира со распуштање на Собранието и распишување вонредни парламентарни избори. Несогласување со политиката на премиерот Никола Груевски изразија и од партијата на Руфи Османи, кои побараа од ДУИ да се дистанцира од ставовите што премиерот ги изнесе во интервјуто за државната агенција МИА.

„ДПА се дистанцира од речникот на премиерот, кој е против НАТО. Бараме од ДУИ да се изјасни околу недобивањето покана за членство во НАТО и јавно искажаните ставови на нивниот премиер, вицепремиерката Арифи и министерот за одбрана Бесими веднаш да си поднесат оставки, да се свика итна собраниска седница за невлегувањето во НАТО и таа да резултира со распуштање на Собранието и распишување вонредни избори“, истакна Имер Алиу од ДПА. Тој истовремено ја повика и меѓународната заедница да влијае под итно да се отвори политички дијалог меѓу четирите политички партии.

Изет Зекири од НДП истакна дека не се согласува со ставовите на премиерот Груевски, кој, како што рече, наместо да се занимава со проблемите и да биде самокритичен, го обвинува НАТО.

„Бараме од ДУИ да се дистанцира од оваа изјава на премиерот чија политика ја води државата во самоизолација и во некоја насока која само ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја знаат“, истакна Зекири.

Во одбрана на ставовите на премиерот вчера застанаа пратениците од владејачкото мнозинство кои сметаат дека интервјуто на Груевски е отворено и искрено. Тие смируваат дека за членството во НАТО треба да се има трпение бидејќи Македонија ги исполнила сите критериуми и дека со време ќе го добие заслуженото место.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз повтори дека членството во НАТО останува наш врвен приоритет и дека државен интерес е Македонија што побргу да добие влез во Алијансата. Прашан дали се согласува со опозицијата премиерот на седница на парламентот да одговори зошто Македонија не стана членка на НАТО, тој рече дека тој тоа би можел да го направи и на седницата за пратенички прашања.

Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија истакна дека Македонија, за жал, повторно се соочи со историска неправда и дека е од заеднички интерес на Македонија и на Грција да се реши проблемот со името, но дека кај другата страна не постоел интерес за надминување на спорот.


Статијата е прочитана 2146 пати.

Испрати коментар



Иванов - Кирил и Методиј ги задолжија сите словенски народи
Одбележана двегодишнината од смртта на академик Гане Тодоровски
Ромни води во однос на Обама во Флорида
Русите го пробија антиракетниот штит
Потпишан Договор за соработка со Торино
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Вељаноски - Ќе биде разгледано барањето на опозицијата за итна седница
Македонија пак ќе ја тужи Грција во Хаг?!
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Македонија опција за италијанските компании за надминување на кризата
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
(ФОТО) Слатководните ракови се враќаат во Охридското Езеро
Претседателот на Австрискиот национален совет во посета на Македонија
Котески и Волерс ќе ја посетат меѓународната воена вежба на Криволак
Анкета - Обама и Ромни со речиси еднаква поддршка
На Беласица пронајдена печурка тешка 6 килограми
Лидерите на ЕУ ќе разговараат за стабилизација на еврото
Владин тим ќе ги промовира бизнис можностите во Италија
Опозицијата бара итна собраниска седница со државниот врв
Се зголемува невработеноста кај младите во светот
Лустрацијата помина без опозицијата
Вранишковски и 18 следбеници „испрале“ 15 милиони денари
Говорот на омраза создава конфликти
Банкарскиот систем стабилен, депозитите сигурни
Светозар Цветковиќ во филмот „Соба со пијано“
Клинички центар стана Комплекс „Мајка Тереза“
Бројот на загинати во несреќата во Албанија се искачи на 14
Кругман - Еврото треба да се одржи по секоја цена
Пет илјади лица надвор од домовите по земјотресот во северна Италија
Преживеал пад од Нијагарините Водопади
(ФОТО) Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Европските очекувања од Томислав Николиќ
Клаус - Не е виновна Грција, Европа се соочува со систематска криза
Најмалку 12 загинати кога автобус излета од амбис во Албанија
Орбан во Чикаго побарал прием на Македонија во најкус можен рок
(ОБНОВЕНО) Серија земјотреси почувствувани во Македонија
Робертсон - Срамно е што Македонија не доби покана
Силен земјотрес покрај Софија во Бугарија
Груевски - Остануваме на патот кон Алијансата
Иванов - Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт
Премиерот да дојде во парламентот
Уапсени десетина следбеници на Вранишковски
Сервер - Грција ги намали шансите Македонија да го смени името
Над 60 лица убиени на воена парада во Јемен
Опозицијата бара премиерот да се обрати во Собранието
Кај „Велешка петља“ пронајден мртов скопјанец
Томислав Николиќ - новиот претседател на Србија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
САД ја предупредија Северна Кореја да престане со нуклеарните проби
Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар
Рамсфелд, Коен и Бергер побараа од Обама прием на Македонија во НАТО
Најмалку 96 жртви во самоубиствен напад во Сана
Реакции на Германија, Шведска, ЕУ и Русија за победата на Николиќ
Иванов ќе се обрати на состанокот на Северно-атланскиот совет за Авганистан
Уапсени 45 демонстранти во Чикаго
Во Чикаго повторен заклучокот од Букурешт
Николиќ објави победа, Тадиќ го призна поразот
Јанкулоска - Граѓаните не треба да живеат во страв
Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Иванов



jimmy1, 21.05.2012 21:07:55
Ako vi trebaat NATO odete vo Albanija, sto sedite ovde. Primate nasa plata, jadite nas leb a rabotite site protiv Makedonija, rabotite protiv drzavata kade sto ste rodeni. Iako nemate nisto so Albanija i Kosovo sepak dusite i srcata vi se tamu. Pa koga e taka zosto da ziveete so nostalgija, odete tamu da vidite kako ke vi bidi, nigde nema da najdite podobro od vo Makedonija, ali koj mozi toa da vi go dokazi koga imate usviteni glavi.
Haledon NJ USA, 21.05.2012 23:06:17
Dr: Sela mnogu ste uporni mora,nesto od vas da bide ,podobro za nas ALBANCITE..:):)\
switzerland, 22.05.2012 10:51:56
abre vie dabovi glavi ,aj na sekoj ne uspeh so ke go ima ovaa vlada ke pravime predvremeni izbori...nacelo ste letnani ama aj nema so da vi praveme narodot ve bira takvi , a mozebi i zatoa sto nemate podobar kadar pa mora da ve birat takvi so nemate pojma od politika .. poozzz
sando novoselec, 22.05.2012 12:46:12
SDSM nema druga rabota samo kritiki i otstavki de Jankuloska Stavrevskvi sega Arifi i Basimi koga ke go smenite vašiot šev Crvenkovski pa da vi trgne rabotata i narodot da vi veruva da glasa za SDSM
daars, 22.05.2012 13:56:21
Shto e ova samo se ceka za ostavki i takvi gluposti. koj i da e na vlast nemase da vlezeme vo nato ni da beshe crvenkovski ni grujo ni bilo koj, i ne treba odma da se trazi ostavka, a za tie shto sakat da si go menjat imeto ako sakat da ziveat u druga drzava neka idat u stranstvo, a Makedonija neka si ostane Makedonija i na Onie shto se osekat kako Makedonci
Strategija za Imeto, prvo vo New York!, 22.05.2012 14:17:51
Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Четврток
Грмотевици со дожд
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 23°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |