21.05.2012, 12:40 Рамсфелд, Коен и Бергер побараа од Обама прием на Македонија во НАТО
Поранешните американски секретари за одбрана и екс-советникот за национална одбрана истакнаа поддршка за Македонија
Поранешните американски секретари за одбрана Доналд Рамсфелд и Вилијам Коен, како и Сенди Бергер, поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Бил Клинтон и на државниот секретар Хилари Клинтон, во писмото до актуелниот американски претседател Барак Обама забележуваат дека Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО и е еден од најголемите поддржувачи на мисијата на НАТО во Авганистан според бројот на жители. Според нив, приемот непотребно се одложува.
„Ве повикуваме да ги вложите сите потребни напори, јавно и приватно, да го поткрепите македонското место во семејството на НАТО и да ги повикате другите сојузници од Алијансата да ја продолжат политиката на отворени врати за нови членки“, забележуваат тројцата поранешни високи американски функционери.
Во обраќањето до Обама, тие потсетуваат дека кога последен пат водачите на НАТО беа собрани на самит во САД, во 1999-та година, издадоа заедничка декларација дека „ниту една европска демократска држава чие членство ги исполнува целите на Северноатлантската повелба нема да биде исклучена од разгледување на нејзиното членство“. Оттогаш, посочуваат тие, НАТО прими девет нови членки, при што последните покани беа испратени во 2008-ма, а доколку оваа година не бидат примени нови членки, тоа ќе значи дека потенцијално ќе поминат шест години без нови покани. Поддршка за прием на Македонија во НАТО стаса и од Словенија. Премиерот Јанша по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов нагласи дека Словенија апсолутно ја разбира позицијата на Македонија и е свесна за сите аргументи што ги има земјата, поради што и претходно и сега Македонија ужива целосна поддршка. Јанша потврди дека Македонија може да смета на поддршката на Словенија и на овој Самит и дека во рамките на нивните можности ќе се залагаат за правилно вреднување на македонските очекувања и аргументи.
„НАТО има незавршена работа и обврска кон Република Македонија уште од Самитот во Букурешт“, истакана претседателот Иванов на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша.
|
|
Статијата е прочитана 1816 пати.
|
Испрати коментар
|
|
За Република Македонија, 21.05.2012 13:16:22 | За Република Македонија многу поважен документ од пресудата е Советодавното мислење на Мегународниот суд во Хаг од 1948, во кое се вели дека не смеат да се поставуваат ниту да се гласа за дополнителните услови надвор од дефонораните ОПШТИ од член 4 од Повелбата. Во Рез. 817 се дава изјава дека кандидат испони условите за прием и ОПШТИТЕ услови се исполнети. Со тоа дополнителни услови за реферирање и преговарање се надвор од Повелбата и нелегални. Врз база на тоа, РМ треба да иницира воспотавување уставното име во Генералното собрание на ООН! |
| Caki, 21.05.2012 14:37:04 | Fran Zappa napisha edna pesna koja ja nareche Lugje od plastika.......Rasmunsen e toj kako veli Zappa vo pesnata, chovek od plastika od najdobar kvalitet......a koga kje mi tekne deka vtoriot grchki kral bil Danec.....se e jasno......p.s. prviot grchki kral bil Germanec!?.....se utepav od smeenje koga doznav..... |
| Simeon, 21.05.2012 17:42:33 | Ако Словенците нашите „големи пријатели“, навистина сакаат нешт о да сторат за Македонија во НАТО, најмалку што одамна требаше да направат е да се додадат барем во фуснотата којашто Турција храбро ја стави на сите натовски документи, па на секоја натовски документ на којшто стои „ФИРОМ“ да има фуснота „Турција и Словенија ја признаваат Република МАкедонија под нејзиното уставно име“, а не Турција самата да не` поддржува. Истово се однесува и на нашите „пријатели“, Полска, Словачка, „силната “ Бугарија којашто се прчеше дека рпва не` признала, и сите други нашио „пријатели“ коишто не` признале под уставно име... |
| Mark, 21.05.2012 18:52:11 | Da se primenit strategija od Igor Janev da se bara sovetodavno mislenje da se bara vo OON da se primeni ustavno ime dole NATO uaaa Evropaa ha ha ha! Nie si se majtapime, Gruevski i Ahmeti si gi tovarat bisagite a drzavava odi po gjavolite.... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|