23.05.2012, 10:42 Мајами на една победа до финалето на Истокот
„Жешките“ ноќеска на свој терен со 115:83 ја победија Индијана и поведоа со 3-2 во полуфиналната серија
Кошаркарите на Мајами ноќеска на свој терен со 115:83 ја победија Индијана и поведоа со 3-2 во полуфиналната серија од Источната конференција на НБА лигата. Мајами ги доби сите четири периоди: 26:20; 23:20; 27:17 и 39:26.
Тандемот Леброн Џејмс - Двејн Вејд беа предводници до новата победа на „жешките“ од Мајами. Џејмс постигна 30 поени 10 скокови и 8 асистенции, а Вејд имаше учинок од 28 поени 3 скока и 2 асистенции.
И вечерва на програмата е само еден натпревар. Филаделфија во другото полуфинале на Истокот ќе му биде домаќин на Бостон. Резултатот е 3-2 за Бостон во серијата прв до четири победи.
|