24.05.2012, 13:45 Вечерва и утре фестивалот „Здраво Млади“
Фестивалот на нова музика е во организација на МКЦ Скопје, а ќе настапат вкупно 13 артисти
Младинскиот културен центар денеска и утре ќе биде домаќин на второто издание на музичкиот фестивал „Здраво Млади“. Фестивалот на нова музика е во организација на МКЦ Скопје, институција која годинава слави 40 години од своето основање.
Организаторите најавуваат дека ова е супер прилика да дојдете и уживате во звуците на новата музика во свежо реновираниот културен центар.
На првата вечер ќе настапат: „Сетстат", „Обојени програм", „Реболедо", Мирко Попов, Матијас Агвајо и "Kалчр девелоупмент“.
Утревечер ќе настапат „СИЗ", „Штутгарт онлајн", „Принцхорн денс клуб" и „Репетитор". Настанот почнува во 21 часот.
Kартата за двете фестивалски вечери чини 500 денари во претпродажба и 700 денари на влезот во МKЦ.
|