Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.05.2012, 11:07
Калиопи вечерва настапува втора



Македонската претставничка ќе пее „Црно и бело“ вечерва на сцената на Кристалната сала во Баку

Македонската претставничка Калиопи со темата „Црно и бело“ ќе настапи втора на втората полуфинална вечер на 57. избор на песна на Евровизија, што се одржува вечерва на сцената на импознатната Кристална сала во Баку, Азербејџан.

Откако ги дознавме првите десет финалисти, вечерва следуваат нови десет изведувачи кои ќе обезбедат влез во финалната вечер закажана за 26 мај. Да се надеваме дека и Македонија по повеќегодишен пост ќе се најде меѓу најуспешните 25 и ќе има можност да се бори за место погоре на финалната пласман листа.

Од првото полуфинале во вторникот пласирани се Исланд, Грција, Албанија, Романија, Кипар, Данска, Русија, Унгарија, Молдавија и Ирска.

Директни конкуренти на Калиопи се претставниците на Србија, Холандија, Малта, Белорусија, Португалија, Украина, Бугарија, Словенија, Хрватска, Шведска, Грузија, Турција, Естонија, Словачка, Норвешка, Босна и Херцеговина и Литванија.

Покрај најдобро пласираните според гласовите од публиката и жирито, на 26 мај директен влез имаат обезбедено и земјите на големата петорка (Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија) и домаќинот Азербејџан. Од нив - Италија, Азербејџан и Шпанија гласаа во првото полуфинале, додека Велика Британија, Франција и Германија ќе гласаат во второто полуфинале. Домаќини на изборот се водителите Лејла Алијева и Наргиз Берк-Петерсен, како и пејачот Елдар Гасимов, кој минатата година во дует со Нигар му донесе победа на Азербејџан.

Фаворит на овогодишната Евровизија, според обложувалниците Вилијам Хил, е шведската претставничка Лорин, а потоа следуваат Русија, Италија, Велика Британија и Србија.







Статијата е прочитана 1035 пати.

Испрати коментар



Калиопи под реден број 22 во финалната вечер
Македонија доби музејска копија од Златната маска пронајдена во Требениште
„Здраво млади“ - фестивал што ветува
Благој Нацоски со нова улога во Италија
Торстен Вогес и Ханес Вегенер во „Соба со пијано“
„Војводката на чардашот“ од Калман вечер во МОБ
(ВИДЕО) Калиопи во финалето на Евросонг!
„Астерфест“ започнува со „Бардо“
„Трето полувреме" доби во Кан светски продажен агент
Вечерва и утре фестивалот „Здраво Млади“
Спектакуларно отворен 31. Мал битолски Монмартр
Новите модели на HP претставени и во Македонија

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |