25.05.2012, 13:24 Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Две лица загинаа во две одделни сообраќајки што се случиле вчера попладне во Гостивар и Тетово, соопштува МВР.
Едната сообраќајка се случила вчера околу 17.50 часот на улица „Гаве Лазаревски“ во Гостивар. Шеесет и деветгодишниот Никола В. Од Гостивар додека управувал автомобил „фиат пунто“ изгубил контрола и удрил во паркиран „голф“, а потоа во бетонски столб. Починал на самото место.
Другата сообраќајка се случила вчера во 15.20 часот на автопатот Скопје –Тетово. Дваесет и едногодишниот возач од селото Голема Речица со „БМВ“ удрил во заштитна ограда на патот.
Во сообраќајката на самото место починала неговата сопатничка Фериде А. (46) од Голема Речица, додека со повреди се здобиле возачот и уште двајца негови сопатници. Сите се пренесени во Клиничкиот центар во Тетово.
|