Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
24.05.2012, 10:59
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј



Денеска граѓаните на Република Македонија го чествуваат 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

Овој ден е и патронат на Универзитет Св.Кирил и Методиј и по тој повод вчера беше положено цвеќе пред нивниот споменик. Исто така по повод Денот на сесловенските просветители се одржа свеченост во Ректоратот на УКИМ.

Пред 11 векови во втората половина на 9 век, браќата Кирил и Методиј, од Солун, по желба на Византискиот цар Михајло, а на молба од Моравскиот кнез Ростислав, добиле задача како монаси – мисионери да одат во Моравија (средно – вековна држава на територијата на денешна Чешка) и таму да го проповедат христијанското учење меѓу небожните Словени. Во мисијата било потребно византијско влијание во тој дел од Европа.

Св. Кирил и Св.Методиј за оваа дејност сериозно се подготвувале. Ја составиле словенската азбука (глаголицата) и од грчки ги превеле потребните црковни киги. На тој начин го создале новиот словенски книжевен јазик и станале основоположници на словенската книжевност.

По смртта на Св. Кирил и Св. Методиј, нивните ученици биле протерани од Моравија. Некои од нив, меѓу кои Св. Климент и Св. Наум доаѓаат на територијата на денешна Македонија, во Охрид. Охрид станува жариште на словенската писменост.

Во Плаошник, во стариот дел на Охрид, продолжува мисионерската активност на климентовите ученици. Меѓу другото, Св. Климент токму овде го изготвил новото словенско писмо – Кирилицата, која бргу потоа се шири низ Балканот се до далечна Русија. Климент писмото го нарекол Кирилица во чест на својот учител Кирил.

Св. Климент минал 30 години меѓу македонските Словени. При неговта манастирска црква Св. Пантелејмон, изградена во 893 година, цели два века пред формирањето на Болоњскиот универзитет, во Охрид бил формиран првиот словенски универзитет, од кој произлегле 3500 ученици. Тие ја ширеле словенската писменост, култура, црковно пеење и уметност во повеќе словенски земји.

Долго по смртта на Св. Климент во 916 година и на Св. Наум во 910 година, Охридската книжевна школа била расадник на најзначајните ракописи на Славистиката и Историјата на ументноста. Охридската книжевна школа која дејствувала на македонската почва во IX век била верен приврзаника на Глаголицата. За оваа школа можат да се поврзат најзначајните словенски ракописи создадени се до XII век, кога Глаголицата била заменета со Кирилица.

Папата Павле II на 31.12.1980 година светите Кирил и Методиј ги прогласува за заштитници на цела Европа.


Статијата е прочитана 1263 пати.

Испрати коментар



Пусиќ - Поради стабилноста на регионот мора да се разговара за проширување на НАТО
Гостиварец загинал по удар во ѕид со автомобил
Повторно убиени војници на НАТО
Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Македонија се' уште има проблем со човековите права
Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
НАТО - Влез во Алијансата откако ќе се реши името
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм“
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



venstar, 24.05.2012 14:13:32
Честит празник! Аз Буки Веди!
Trajko, 24.05.2012 14:21:02
Ovie braca ne se sloveni, tuku imale misija da gi opismenat slovenskite narodi. Inaku tie se Makedonci ed egejskiot del na Makedonija.
Лубител на Библијата, 24.05.2012 14:42:37
„од грчки ги превеле потребните црковни книги“ Тие всушност ја превеле Библијата која е составена од 66 книги.
kirsner, 24.05.2012 14:53:46
Е, като се сесловенски просветители, вие зашто празнувате? Нели сте антички?
mitre, 24.05.2012 16:44:25
чекајте бре луѓе???? Па 6 години овија од ВеМеРО ми го перат мозокот со тија Антички Македонци?????? Кога веќе се преорбатив во Антички Македонец, кога ооооооп...... Кирил и Методи ти биле Словенски просветители на Македонските Словени...........И сега???? Шчо прајме, рекол Мисирков и го откорнаа од Плоштадот Пела..........Наздравје да ни е Македонци, тек сега не знаеме што сме.........

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Претежно облачно

Недела
Грмотевици
Макс: 20°C, Мин: 8°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |