Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
24.05.2012, 11:41
Чувари под суспензија, се утврдува дали тепале притворени од „Монструм



БИТОЛА - Против тројца чувари од битолскиот затвор е поведена постапка за привремено суспендирање поради сомневање за физичко малтретирање на осомничените од акцијата „Монструм“, кои таму ја издржуваат мерката притвор. Првиот човек на затворот„Црн мост“ во Битола , Славко Гацовски, вели дека од денеска ќе почне постапката за утврдување дали чуварите кои биле на смена кога притворениците се пожалиле на малтретирање навистина ги пречекориле своите овластувања.

„По празникот ќе бидат суспендирани. Нема да доаѓаат на работа се' додека не се расчисти случајот. Сепак, според мои сознанија, нема никакво пречекорување на нивните овластување, но да оставиме тоа да го покаже постапката која ќе се спроведе за овој случај“, изјави Гацовски.

Управата за извршување санкции, пак, потврди за медиумите дека директорот на затворот веќе почнал постапка за суспендирање на тројца припадници од секторот за обезбедување поради односот кон осомничените за инволвираност во убиството на петтемина Македонци кај Смилковци.

„Привременото суспендирање е извршено со цел да се овозможи увид и непречено утврдување на фактичката состојба, како и прибирање докази за евентуално утврдување на одговорноста кај овие лица доколку се докаже тоа“, стои во соопштението.

Неодамна, по поплаката на притворениците од „Монструм“ кај народниот правобранител дека биле малтретирани во битолскиот затвор, во Битола дојде и министерот за правда, Блерим Беџети. Тој тврдеше дека не се видел со протворениците, но дека остава целата работа да ја истера до крај раководството на затворот, порачувајќи дека државата ги штити човековите права без оглед на тоа за кого станува збор.

„Сомнежите се за двајца притвореници, но директорот ќе ја разгледа целата ситуација дали тие биле малтретирани. Ако се констатира дека имало малтретирање, тука сме ние, институциите, да ја искажеме цврстата волја дека во нашиот систем не планираме повреда на човековите права и слободи без оглед дали станува збор за притвореници или за затвореници. Согласно со законите ќе се преземат мерки“, порача Беџети. (А.Б.)

Статијата е прочитана 2333 пати.

Испрати комента��



Тешки кражби во црвквите „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане
Вооружен напаѓач уби две лица во Финска
Европско движење - ЕУ веднаш да почне пристапни преговори со Македонија
Македонија се' уште има проблем со човековите права
Црвенковски го внесе идентитетот во разговорите со Грција
За Груевски критиките од Стејт Департментот се стандардни
Три бизнис-посети на Италија, една инвестиција
Викендов нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Нов правилник за дополнителната работа на лекарите
Малолетна струмичанка грабната и силувана
Оланд ги посети француските војници во Авганистан
Во Охрид се самоуби жена скокајќи од четврти кат
Двајца загинати во две тешки сообраќајки
Бесими - Ќе бараме интензивен дијалог со Грција
НАТО - Влез во Алијансата откако ќе се реши името
Иванов-Прамер - Потврдени заложбите на Австрија за интеграција во ЕУ
Уапсен „мозокот“ на трговијата со органи во Косово
Брејвик бара да го прогласат за здрав
Македонија четврта во регионот по квалитет на услугите
Тепачка во украинскиот Парламент поради рускиот јазик
Меѓународна безбедносна конференција во Охрид
Претседателот Иванов ќе се сретне со Барбара Прамер
Македонска делегација на молебен на гробот на Свети Кирил во Рим
Црвенковски - Спорот со името најважен проблем
Затвор за тепачите од Дебар Маало
Мотоциклист удри во паркиран автомобил и загина
Нов земјотрес во близина на Софија
„Оне" со нов најевтин производ „Џабест"
Македонска делегација во Рим и Ватикан во чест на Свети Кирил
Оланд и Меркел се судрија за еврообврзниците
Нечас - Заминувањето на Грција од еврозоната е реална опција
Ден на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј
Прамер - Спорот за името да се разграничи од пристапните преговори со ЕУ
ОМД побара прекинување на разговорите за името
Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест



Amnestija i tolkuvanje za ubijcite?!, 24.05.2012 13:53:17
Uste eden predizvik za intelektot na Makedonecot! Vlasta predvodena od partii so dlaboki fasisticki koreni nametnuva neonacisticka diktatura, etnicko cistenje i genocid vrz narodot na Makedonija preku podmolni i sramni dejstvija.Toa sto se pominuva nekazneto e edno, a sto e PREMOLCENO e sosema drugo!
Ohrid, 24.05.2012 15:13:11
Gospode,oprosti im neznajat sto pravat !!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 19°C, Мин: 12°C

Недела
Грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |