Калиопи настапи како втора во втората полуфинална вечер и со моќен настап заслужено обезбеди пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота
Македонската претставничка на годиншната Евровизија која се одржува во Баку, Азербејџан, Калиопи се пласираше во финалето кое ќе се одржи во сабота
Покрај Македонија, во финалето се пласираа уште Литванија, Босна и Херцеговина, Србија, Украина, Шведска, Норвешка, Естонија, Малта и Турција.
Калиопи настапи како втора во втората полуфинална вечер и со моќен настап заслужено обезбеди пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота.
Македонија конечно после четиро години успеа да го помине полуфиналето.
Од првото полуфинале во вторникот пласирани се Исланд, Грција, Албанија, Романија, Кипар, Данска, Русија, Унгарија, Молдавија и Ирска.
Директно во финалето влегуваат шест земји, петорката: Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија, како и Азербејџан како победник од претходната година и домаќин на изборот.
Македонија не била во финале од 2007-ма кога во Хелсинки ја претставуваше Каролина Гочева со „Мојот свет“.
Македонските претставници не успеаја да го поминат полуфиналето во изминатите четири години, на изборите во Дизелдорф 2011, Осло 2010, Москва 2009 и Белград 2008.
Погледнете го уште еднаш настапот на кој нашата дива буквално заблеска!
Морам да кажам дека на најдобар можен начин Калиопи ги замолкна сите мрчатори во земјава со најдобриот настап на Евровизија на Македонија досега. Поздрав Македонијо!