25.05.2012, 13:10 Епска победа на Гвардини над Кевендиш
Во епската битка младиот Италијанец на крајот го надмудри светскиот шампион и стигна до својата прва победа во кариерата
На Андреа Гвардини ќе му остане во трајно сеќавање 18. етапа на велосипедската трка Џиро ди Италија од Сан Вито ди Кадоре до Веделаго (149 км), посебно маестралниот финиш против Марк Кевендиш. Во епската битка младиот Италијанец на крајот го надмудри светскиот шампион и стигна до својата прва победа во кариерата.
Во финишот на рамниот дел Кевендиш стекна солидна предност пред конкурентите, но Гвардини покажа искуство кое ги надмина неговите години, победувајќи го најбрзиот човек на две тркала. Резултатот беше вистински шок за Британецот, кој се надеваше на четврта етапна победа на годинашниот Џиро.
Пласман на 17. етапа: Андреа Гвардини (Италија/Фарнезе Вини) 3:00,52 ч., Марк Кевендиш (В. Британија/Скај) исто време, Роберто Ферари (Италија/Андрони) исто време итн.
Вкупен поредок: Хоаким Родригез (Шпанија/Катјуша) 77:47,38 ч., Рајдер Хесједал (Канада/Гармин) +30 секунди, Иван Басо (Италија/Ликвигас) +1:22 минути итн.
|