23.05.2012, 20:59 (ФОТО) Вардар со победа ја прослави шампионската титула
Новиот првак на Македонија до победата од 2:1 дојде со пресврт во последните 10 минути, откако Металург по првото полувреме имаше водство од 1:0
ФОТО: Петр Стојановски
Вардар го совлада Металург со 2:1 во последниот свој настап во сезоната во која по деветгодишна пауза стигна до шампионската титула.
Новиот првак на Македонија до победата дојде со пресврт во последните 10 минути, откако Металург по првото полувреме имаше водство од 1:0.
На другите пет натпревари од последното 33.коло во Првата македонска фудбалска лига постигнати се следниве резултати: Брегалница - 11 Октомври 4:1, Хоризонт Турново – Работнички 5:4, Тетекс – Силекс 2:1, Охрид – Ренова 1:7 и Напредок – Шкендија 3:0.
Конечна табела: Вардар 76 бодови, Металург 67, Шкендија 66, Ренова 52, Брегалница 45, Силекс 42, Напредок 42, Работнички 41, Хоризонт Турново 38, Тетекс 35, Охрид 26 и 11 Октомври 16.
Вардар обезбеди место во квалификациите од Лигата на шампионите, Металург, Шкендија и Kуп победникот Ренова ќе играат во квалификациите за Лига Европа.
Првата лига ја напуштаат Охрид и 11 Октомври, а бараж за опстанок ќе играат Хоризонт Турново и Тетекс.
|