Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
21.05.2012, 10:55
Камерон „му пресуди“ на Тери



„Тој има речено некои лоши работи“, и кажал британскиот премиер на Меркел додека го гледале финалето на ЛШ, мислејќи на обвинувањето на капитенот на Челзи за расизам

Британскиот премиер Дејвид Камерон „му пресуди“ на капитенот на Челзи, Џон Тери, за минатогодишниот расистички инцидент во разговорот во Кемп Дејвид со германската канцеларка Ангела Меркел, воден во текот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу лондонскиот клуб и Баерн од Минхен. Во разговорот околу фудбалот пред почетокот на првата работна сесија на самитот Г8, Камерон воопшто не криел што мисли за инцидентот и кој е виновен, без разлика што судењето за „случајот Тери“ ќе се оддржи на 9 јули. Целиот дијалог меѓу двајцата политички лидери ќе останеше непознат за јавноста ако Камерон и Меркел беа повнимателни и забележеа дека микрофоните на работната меса на самитот се вклучени. На забелешката на канцеларката дека „Тери нема да игра“, премиерот рекол „тоа е добро“. Кога Меркел потоа го прашала „зарем не го сакаш“, Камерон и' возвратил „тој има речено некои лоши работи“.

Џон Тери, капитен на новиот европски шампион Челзи и англиски репрезентативец, е обвинет за „расно насилство“ врз играчот на англискиот премиерлигаш Квинс Парк Ренџерс, Антон Фердинанд, за време на првенствениот натпревар во октомври минатата година. Тери и порано и сега тврди дека не е расист и оти не го навредувал противничкиот играч, но јавното обвинителство покрена формално обвинување, по кое е закажано судење.

Опозициските лабуристи остро ги осудија коментарите на Камерон, критикувајќи го премиерот дека ја презел улогата на судија и веќе му пресудил на Тери. Пратеникот на лабуристите Стив Ротерам ги нарече коментарите на Камерон „глупави“ оти наликуваат на разговор на навивачи во паб.

Ова не е првпат Камерон да се меша во случајот со Тери и Фердинанд. Прв пат „интервенираше“ при оставката на поранешниот селектор на Англичаните, Фабио Капело, кога јавно му замери на Италијанецот што ја критикуваше одлуката да му се одземе капитенската лента на Тери во репрезентацијата.

„Даунинг стрит 10“ не ги демантира зборовите на премиерот, кој е навивач на Астон Вила, објаснувајќи кусо дека Камерон „го рекол тоа што го рекол“.



Статијата е прочитана 1109 пати.

Испрати коментар



Мајами на една победа до финалето на Истокот
Холандија потклекна пред македонските надежи
Вардар на роденденска прослава во Кишињев
Ананд експресно израмни против Гелфанд
Косово може да игра пријателски средби
Анастасија Богдановски 56. во Европа на 100 м слободно
(ФОТО) Тренинг во ватерполо услови на А-тимот
Антиќ со Олимпијакос поведе во грчкото финале
Оклахома во финалето на Западот
Надал си го врати трофејот во Рим од Ѓоковиќ
Монпелје прв пат првак на Франција
Сан Антонио ги збриша клиперси
Пандев - Овој Куп ми е најдраг
Русија светски шампион во хокеј на мраз
Пандев со Наполи ја освои четвртата Куп титула во Италија
Вардар Про го освои ракометниот Куп на Македонија
Челзи е сензационален победник во Лигата на шампионите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |