Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.05.2012, 10:18

Во Чикаго повторен заклучокот од Букурешт



Македонија не доби ни покана ни ново охрабрување, туку уште некои услови

На Македонија во Чикаго и го повторија Букурешт: уште пред претседателот Ѓорѓи Иванов да побара почитување на хашката пресуда, лидерите на земјите членки на НАТО заклучија дека условот што ни го дадоа во 2008 година и натаму останува. Од велелепниот конференциски центар денеска не стигна велелепна вест, како што впрочем не се ни очекуваше во земјава, а нема ни деталји дали некој воопшто на главната расправа го отворил прашањето со Македонија, поинаку освен формално.

Во поздравните обраќања не ни се случи ни изненадувањето од Стразбур, односно претседателот на САД Барак Обама не покажа со гест или со изјава дека се уште се надева дека Македонија брзо ќе стане членка на алијансата. Генерално владееше молк на тема Македонија, а шефот на делегацијата, претседателот Иванов одеше по цркви и училишта или се среќаваше со тие кои и пред тоа ни даваа поддршка во билатералните контакти, т.е. функционерите на Словенија и Турција. Во завршниот документ НАТО ни порача нам, а со тоа и на Грција, дека треба да си го решиме спорот околу името, па и повеќе од тоа - побара да се интензивираат напорите а преговорите да продолжат без одлагање.

„Покана за БЈРМ ќе има веднаш штом се постигне заедничко прифатливо решение за името, во рамките на ОН и силно повикуваме на интензивирање на тие напори. Брзо решение ќе биде проследено со членство кое ќе придонесе за стабилноста во регионот. Ги охрабруваме преговорите и нивното продолжение и очекуваме тие да завршат што е можно побрзо“ е заклучокот во завршното коминике од Чикашкиот самит.

Потоа, побара продолжување на реформите и изградба на мултиетничко општество, елемент што го немаше во Букурешт, Стразбур и Лисабон. На позитивната страна, ако може да се нарече така, НАТО ни порача дека вратата за нови членки е отворена, дека го цени учеството на Македонија во мисиите на алијансата и ја вреднува долгорочната посветеност на определбата за прием во НАТО. Генерално, во заклучоците НАТО порача дека на Балканот, како стратегиски регион, се важни демократските вредности, регионалната соработка и добрососедските односи, па така нашиот услов се издигна на повисоко, регионално ниво.

„Ги поздравуваме долгорочната посветеност на земјата во процесот на пристапување кон НАТО“, стои во коминикето од Чикаго


Статијата е прочитана 2314 пати.

Испрати коментар



Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa
Македонија опција за италијанските компании за надминување на кризата
Вељановски-Прамер - Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција
(ФОТО) Слатководните ракови се враќаат во Охридското Езеро
Претседателот на Австрискиот национален совет во посета на Македонија
Котески и Волерс ќе ја посетат меѓународната воена вежба на Криволак
Анкета - Обама и Ромни со речиси еднаква поддршка
На Беласица пронајдена печурка тешка 6 килограми
Лидерите на ЕУ ќе разговараат за стабилизација на еврото
Владин тим ќе ги промовира бизнис можностите во Италија
Опозицијата бара итна собраниска седница со државниот врв
Се зголемува невработеноста кај младите во светот
Лустрацијата помина без опозицијата
Вранишковски и 18 следбеници „испрале“ 15 милиони денари
Говорот на омраза создава конфликти
Банкарскиот систем стабилен, депозитите сигурни
Светозар Цветковиќ во филмот „Соба со пијано“
Клинички центар стана Комплекс „Мајка Тереза“
Бројот на загинати во несреќата во Албанија се искачи на 14
Кругман - Еврото треба да се одржи по секоја цена
Пет илјади лица надвор од домовите по земјотресот во северна Италија
Преживеал пад од Нијагарините Водопади
(ФОТО) Филип Втори се исправи на Карпошово востание
Европските очекувања од Томислав Николиќ
Клаус - Не е виновна Грција, Европа се соочува со систематска криза
Најмалку 12 загинати кога автобус излета од амбис во Албанија
Орбан во Чикаго побарал прием на Македонија во најкус можен рок
(ОБНОВЕНО) Серија земјотреси почувствувани во Македонија
Робертсон - Срамно е што Македонија не доби покана
Силен земјотрес покрај Софија во Бугарија
Груевски - Остануваме на патот кон Алијансата
Иванов - Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт
Премиерот да дојде во парламентот
ДПА бара предвремени избори
Уапсени десетина следбеници на Вранишковски
Сервер - Грција ги намали шансите Македонија да го смени името
Над 60 лица убиени на воена парада во Јемен
Опозицијата бара премиерот да се обрати во Собранието
Кај „Велешка петља“ пронајден мртов скопјанец
Томислав Николиќ - новиот претседател на Србија
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест
САД ја предупредија Северна Кореја да престане со нуклеарните проби
Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар
Рамсфелд, Коен и Бергер побараа од Обама прием на Македонија во НАТО
Најмалку 96 жртви во самоубиствен напад во Сана
Реакции на Германија, Шведска, ЕУ и Русија за победата на Николиќ
Иванов ќе се обрати на состанокот на Северно-атланскиот совет за Авганистан
Уапсени 45 демонстранти во Чикаго
Николиќ објави победа, Тадиќ го призна поразот
Јанкулоска - Граѓаните не треба да живеат во страв
Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Иванов



EU, 21.05.2012 10:57:48
Nisto novo, sve po staro!.
Ni treba strategijata, 21.05.2012 12:01:16
Ni treba strategijata na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite drzhavi-chlenki na ON. Tie se potrebni za glasnjeto vo OON pri vospostavuvanjeto ustavnoto ime vo Generalnoto sobranie na ON. Stavovite na akademik prof. Igor Janev gi prifati i Kiro Gligorov i izleze so stav za rezolucijata za imeto vo ON (objaveno vo Utrinski vesnik 2006. godina pod naslov Vreme e za rezolucijata za imeto vo OON-Rezolucijata za imeto treba dobro da se obraboti).
Minhen, 21.05.2012 12:33:25
Dosta ni e od pofalbi...Na zidot nema veke mesto kaj da gi cuvame..A i ramkite se skapi...A da gi ostavime neurameni steta...bas golema steta...ke zbiraat prasina...Tolku mnogu pofalnici..... Neka im e sram na NATO... Pod hitno treba da se organiziraat ANTI NATO PROTESTI..... Treba da znaaat deka ne moze uste dolgo da ne vlecat za nos.... Kako ne im e sram.... Neka vidat deka i nie imame svoj stav...doblest.. dosta e veke...od ova poloso i ne mozese da bide..So pravo sto premierot ne zamina na nas trosok...
sydney, 21.05.2012 13:56:37
Znaci nikogas
mene, 21.05.2012 15:06:38
meeeee ovci za strizenje
Stranec, 21.05.2012 15:38:40
Da se otkazeme od clenstvo vo NATO , da ja zatvorime granicata kon Fasisticka Grcija i da im go dademe Krivolak na Rusija i Kina! Za max 10god NATO nema da postoi veke a Kina ke ja napravi Makedonija pojaka od bilo koja drzava na Balkanot! 20 god trosime vreme so zapadot. Vreme e da se svrtime kon istok zatoa sto zapadot e strasno rasipan!!
Nikola Tesla od Detroit, 21.05.2012 16:08:53
Se prasuvam dali nekogas ke pocnat da slusaat sto im se kazuva i povtoruva ( sega veke so decenii)? Ako se znae se, izleguva deka i proektot NATO kako i proektot EU se samo proekti Makedonija 2014... vo koi moze da ima beskrajni perenja na pari za spomenici i tenderi! Namesto da ima PROEKT Makedonija 2013 imame Macedonia 2025...So netrpenie ocekuvam uste koi se iminja naema da ni bidat ponudeni za ZAMAJUVANJE!
patriot, 21.05.2012 16:53:58
samo lud chovek mozhe da bara chlenstvo vo najgenocidnata organizacija na planetava poglednete shto napravija vo irak ,avganistan ,libija ,kosovo ,bosna da ne broime po afrika samo vo irak se spomenuvaneoficijalna brojka od 1 mio mrtvi ,nekoj i nekogash ke mora da formira i za niv ninbershki proces.
Diogen, 21.05.2012 17:16:09
Dali nekoj spomna ostavki na vodeckite politicari vo Makedonija??? Ili toa e iluzija.Ajde Grujo sega pokazi se maz,pa isprsi se pred Makedonskiot narod za da mu objasnis zosto vo nadvoresnata/megjunarodnata politika ti i tvojata vlada belezite sampo PORAZI ! No te molam nemoj kakomalo dete da places i da se zalis deka Grcite se vinovni ??? Pa Premiere toa e politika,tuka nema fer/ne fer,tuku strategija i nacionalni interesi.Se drugo e luk i voda.Pa nazdavje neka ni e.Samo do koga
mitre, 21.05.2012 17:56:34
Latas: Branko e kriv???????????
jimmy1, 21.05.2012 18:19:39
Kako i sekogas, samo cukanje po ramo. Pa ramenata ni posinija od cukanje. Jas licno ne sum za vo NATO, nam ne ni e mestoto tamu megu tie teroristi. Sega sti tie i veruvaat na Amerika ke uvudat kakov prijatel ni e Amerika. Nie treba da se svrtime poveke kon istok, kon Rusija pa duri togas ovie nam ke ne molat a nie da trcame kako lisicata. Clenstvo vo nevrzanite za nas e najdobro. Ovie od NATO ne gi interesira bezbednosta vo Makedonija nitu pak na balkanot, za niv e najvazno ona sto go zapocnaja vo 1913 godina da go dozavrsat za nie da ne postoime kako narod i nacija. Sega politicarite bilo od koja partija, neka ubavo razmislat dali nam ni se potrebni NATO i EU i dali nam voopsto ni e mestoto tamu.
бонд, 21.05.2012 19:23:30
Велелепен центар?? Мене ми личи на ЏемсБонд филмови кога се собираат гангстери и мафијози за да направат план.
POLTRONI, 21.05.2012 19:40:58
Site se pravat udreni, sto vsushnost i sé. POLTRONI
fani, 21.05.2012 22:37:02
Celo vreme slusame deka Rasmusen,File i neznam uste koj od Brisel i Starbur ukazuvaat ,poracuvaat i ubeduvaat deka vo Cikago voopsto nema da stoi na dneven red primanje na novi clenki a ovie nasite uporno so meseci zborat deka treba da ne primaat,deka uslovite se ispolneti itn!!!Kakvi se tie molbi,ponizuvanja,tropanje na vratata koja e zatvorena za Makedonija i nikoj ne znae sto ponatamu .Kako moze da si dozvoli politickiot vrv na Makedonija takvo nesto,imaat li tie voopsto odgovornost prema makedonskiot narod???Sramota kolku nisko padnavte,sramota sto dozvolivte nikoj da ne ne smirgla a za pocituvanje i da ne zborime.Redno e da ja napustite politickata scena zasekogas.
slave ..KONOPISTE, 21.05.2012 22:56:39
cim nesme pozelni kaj niv odma neka se povlecat nasite vojnici od Avganistan ..i zavrsen film ......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |