21.05.2012, 15:18 Опозицијата бара премиерот да се обрати во Собранието
ДПА, пак, бара Груевски да се обрати во Парламентот, а потоа тој да биде распуштен и да се распишат вонредни парламентарни избори
Парламентарната опозиција денеска го повика премиерот Никола Груевски да се обрати пред Собранието и да го соопшти официјалниот став на државниот врв за евроинтеграциските процеси по Самитот на НАТО во Чикаго, каде што за Македонија беа повторени заклучоците од Букурешт.
Отворено писмо до премиерот, но и до претседателот со ова барање денеска испратија 42 пратеници од СДСМ, НСДП, ПЕИ, СЛ. Во текстот исто така се коментираат и ставовите од вчерашното интервју на премиерот Груевски за МИА.
- Сметаме дека е неопходно Вие и Претседателот на државата, кои согласно Уставот сте целосно одговорни за надворешната политика, да се обратите во Собранието на Република Македонија, каде пред целата јавност ќе реферирате за официјалниот став на државниот врв и кои се Вашите планови за евроатланските интеграции на нашата земја по Самитот на НАТО во Чикаго, пишува во писмото упатено до Груевски.
Потпишаните пратеници сметаат дека премиерот во интервјуто искажал лични емоции и дека и покрај тоа додека е премиер, негова обврска е да ги застапува и да работи во интерес на граѓаните. Тие прашуваат кого застапува со нападите кон стратешките партнери, и обвинуваат дека ги расипува односите со меѓународната заедница.
ДПА, пак, бара премиерот да се обрати во Парламентот, а потоа тој да биде распуштен и да се распишат вонредни парламентарни избори. ДПА, како што наведе Имер Алиу, „се дистанцира од речникот употребен од премиерот Груевски против земјите членки на НАТО, и некои соседни држави“, а бараат објаснување и од ДУИ.
- Од ДУИ бараме да се изјасни по недобивањето на покана за членство и јавно искажаните ставови на премиерот за НАТО. Бараме од вицепремиерката Теута Арифи и од министерот за одбрана Фатмир Бесими веднаш да поднесат оставки како главни експоненти на измама кон Албанците, изјави Алиу. Тој побара од меѓународната заедница итно да се отвори политички дијалог меѓу четирите политички партии во Македонија, да се свика итна седница на Собранието во врска со недобивањето покана за членство во НАТО на Самитот во Чикаго, која, според Алиу, треба да резултира со распуштање на Парламентот и свикување нови вонредни избори.
Изет Зеќири од НДП изјави дека не се согласува со политиката на обвинување на НАТО од страна на премиерот и бара од ДУИ да се дистанцира. - Ние бараме ДУИ да се дистанцира од оваа изјава на премиерот зашто ако таа се инкорпорира во парадигмата на водење на политиката на водење на државата ќе однесе во самоизолација и наместо во интеграциските процеси ќе не води во насока што ја знаат само ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, изјави пратеникот на НДП.
|
|
Статијата е прочитана 788 пати.
|
Испрати коментар
|
| Следниот самит на НАТО отвора обврска за Грцијa | Македонија опција за италијанските компании за надминување на кризата | Вељановски-Прамер - Потврдена австриската поддршка за македонската евроинтеграција | (ФОТО) Слатководните ракови се враќаат во Охридското Езеро | Претседателот на Австрискиот национален совет во посета на Македонија | Котески и Волерс ќе ја посетат меѓународната воена вежба на Криволак | Анкета - Обама и Ромни со речиси еднаква поддршка | На Беласица пронајдена печурка тешка 6 килограми | Лидерите на ЕУ ќе разговараат за стабилизација на еврото | Владин тим ќе ги промовира бизнис можностите во Италија | Опозицијата бара итна собраниска седница со државниот врв | Се зголемува невработеноста кај младите во светот | Лустрацијата помина без опозицијата | Вранишковски и 18 следбеници „испрале“ 15 милиони денари | Говорот на омраза создава конфликти | Банкарскиот систем стабилен, депозитите сигурни | Светозар Цветковиќ во филмот „Соба со пијано“ | Клинички центар стана Комплекс „Мајка Тереза“ | Бројот на загинати во несреќата во Албанија се искачи на 14 | Кругман - Еврото треба да се одржи по секоја цена | Пет илјади лица надвор од домовите по земјотресот во северна Италија | Преживеал пад од Нијагарините Водопади | (ФОТО) Филип Втори се исправи на Карпошово востание | Европските очекувања од Томислав Николиќ | Клаус - Не е виновна Грција, Европа се соочува со систематска криза | Најмалку 12 загинати кога автобус излета од амбис во Албанија | Орбан во Чикаго побарал прием на Македонија во најкус можен рок | (ОБНОВЕНО) Серија земјотреси почувствувани во Македонија | Робертсон - Срамно е што Македонија не доби покана | Силен земјотрес покрај Софија во Бугарија | Груевски - Остануваме на патот кон Алијансата | Иванов - Во Чикаго требаше да се исправи неправдата од Букурешт | Премиерот да дојде во парламентот | ДПА бара предвремени избори | Уапсени десетина следбеници на Вранишковски | Сервер - Грција ги намали шансите Македонија да го смени името | Над 60 лица убиени на воена парада во Јемен | Кај „Велешка петља“ пронајден мртов скопјанец | Томислав Николиќ - новиот претседател на Србија | Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест | Тројца планинари загинаа, двајца се водат исчезнати на Монт Еверест | САД ја предупредија Северна Кореја да престане со нуклеарните проби | Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар | Рамсфелд, Коен и Бергер побараа од Обама прием на Македонија во НАТО | Најмалку 96 жртви во самоубиствен напад во Сана | Реакции на Германија, Шведска, ЕУ и Русија за победата на Николиќ | Иванов ќе се обрати на состанокот на Северно-атланскиот совет за Авганистан | Уапсени 45 демонстранти во Чикаго | Во Чикаго повторен заклучокот од Букурешт | Николиќ објави победа, Тадиќ го призна поразот | Јанкулоска - Граѓаните не треба да живеат во страв | Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија | Иванов |
|
pile, 21.05.2012 17:11:50 | So sreka za novite Parlamentarni izbori, no neka bidat Evropski, vo duhot na ekonomskata kriza i potrebata za stedenje neka se organiziraat zaedno so lokalnite idnata godina, a Parlamentot da donese izmeni na Zakonot za izbori.R.Makedonija edna izborna edinica, i konsenzus za nastap so otvoreni listi i drugo soglasno izbornoto Zakonodavstvo koe e zastapeno vo pogolem broj zemji od EU.Ja gledav emisijata na ,vin vin` na TV Alfa,vo poveke raboti se slozjuvam so G-din Frckoski, no ne se slozjuvam deka Makedonskiot gragjkanin e osvetoljubiv i deka ke se osvetuva,poveke sum deka istiot bara PRAVDA sprovedena niz instituciite so fer sudenje koe ke bide zastapeno,so megjunaroden monitoring.No sepak toa zavisi od Gruevski i Familijata, dali cuvstvuvaat deka im e potrebna pomos,A KE IM POMOGNEME.OSTAVKI |
| ФЕЛИКС, 21.05.2012 17:59:05 | На кого да се обрати премиерот и зошто. Премиер и председател на држава се обраќаат секогаш кога некои нешта на пример се несикидневни,а ептен важни за државата.Сега има секидневен настан со лицемерито на оние кој се утепаа од тапкање по рамо а подржуваат прекршител на меѓународни спогодби. Едноставно ништо ново не се случи.За намерите премиерот се обрати кон нацијата како единствен судија на неговата работа.И на крај кому да се обрати,на збирштина на подметнувачи на меѓунационални конфликти,на одработувачи на туѓи агенди,на оние кој амфорско-доларски поткупуваат за менување на името по терк на соседот.Па тоа би било чист мазохизам да се слушаат запрепастените кој да повторам одработуваат туѓи агенди на штета на сопствениот народ. |
| Pochelo e pochelo!, 21.05.2012 18:12:36 | Vo intervjuto za MIA go obvini ,,neprincipielniot zapad,, za podrshkata na Grcija i so toa go opravda svojot neuspeh. Zarem istiot toj zapad poinaku gledashe 1944 g. pa Solun ni go nudeshe na tacna, ama Tito ne go sakashe bidejki beshe Hrvat. Boze, Boze, kakvo razmisluvanje! Eve mu prilika sega, poshto ne ne primija vo NATO, da raschistime i so NATO i so Grcija i da ja osvoime Belomorska Makedonija, od Olimp do Tasos, sose Solun i Solunsko Pole. Od drugata strana nitu e imalo, nitu ke ima grchki narod, ushte pomalku grcki i sojuznichki sili. Samo treba da pojdeme i da si go zememe ispraznetiot Solun. Koga ke vidi svetot shto sila sme, onaka neprincipielni vednash ke zastanat zad nas.??? Daleku od toa deka e premierot nadvor od pametta, ama politikata koja ja provodi i porakite shto gi praka se sekako nameneti tokmu za takvite. Se nadevam deka ke gi ima se pomalku i da e ova pochetok na krajot na edna neuspeshna politika i vlast. Na zalost i mnogu shtetna po nacionalnite interesi na RM. |
| NATO, 21.05.2012 18:15:53 | So Gruevski napred kon proval. |
| jimmy1, 21.05.2012 18:24:35 | Uste ovie nesvatija deka ne ni e mestoto vo EU i NATO, deka toa nee vo nivni interes. Nivni interes e da ne nema nam kako narod i nacija, a vie nadevajtese kako takvoto na pijana zena. Za nisto ne go podrzuvam Grujo, ali ona sto go izjavi e tocno, ne kaza nisto loso nego kaza sto pravat so nas EU i NATO. Sega pod hitno treba da se povlecat nasite vojnici od site misii na NATO i na ON. |
| Пречекорување овластувањата е во рез.817 на СБОН, 47-225 на ГСОН, 21.05.2012 20:21:47 | Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски! |
| Gavgamela 2012, 21.05.2012 20:34:37 | So ona herosko intervju , nasiot premier gi zatrese temelite na NATO od koren i za skoro vreme verojatno istoto ce se raspadne,posebno ako gi povleceme nasite 200 vojnici. Onakvo inspirativno intervju nemam cuene uste od vremeto na Slobo vo 90-te godini ,a isto takavi nastapi ima povremeno Ahmadinedjat. Posle Bukurest za inaet na Grcite trgnavme kon antikvizacija, spomenicarenje i preimenuvanje na stadioni i avtopati po nasite slavni pretci od antikata.E sega treba sto pospektakularno da ja proslavime 2343 godisnicata od bitkata kaj Gavgamela,so koja nasiot Aco Golemiot ja kutna na kolena imperijata na Darije III.Neka puknat Grcite od maka , a i ce mu pokazeme na svetot kakva istorija stoi zad nas i so kogi si imaat rabota.Uste ako odrzi inspirativen i oratorski govor,vo svoj stil Horhe, toa ce bide vistinski pogodok. Ajde site na Gavgamela 2012 ! ! ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 16°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 9°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 24°C, Мин: 12°C
|
|
|
|
|
|