21.05.2012, 15:22 Над 60 лица убиени на воена парада во Јемен
Најмалку 63 лица се убиени во самоубиствен бомбашки напад за време на пробата за воената парада во главниот град на Јемен, Сана, изјавија официјални лица.
Напаѓачот кој бил наводно во униформа на армијата, се разнесе меѓу група војници на плоштадот Ал-Сабин, во близина на претседателската палата.
Извор на Ал-Каеда изјави за Би-Би дека еден од неговите членови го извршил нападот.
Ова е најкрвавиот инцидентот во главниот град откако претседателот Абдрабух Мансур Хади ја презеде власта во февруари.
- Ние бевме на парадата, одеднаш имаше огромна експлозија. Десетици мажи беа убиени. Се обидовме да им помогнеме. Бомбаш-самоубиец бил облечен во воена униформа. Тој имаше појас со експлозив, изјави полковникот Амин ал - Алгхабати.
Друг војник, Ахмед Соби изјавил: „Ова е вистински масакр. Стојат парчиња од искинати делови од тела, екстремитети и глави. Ова е страшно."
Медицински извори, изјавиле за новинската агенција АФП дека најмалку 96 војници се убиени, а 300 повредени, кои биле згрижени во седум болници во Сана.
Не е јасно дали напаѓачот учествувал во вежбите или одел покрај војниците непосредно пред детонирањето на бомбата.
Нападот се случил во близина на министерот за одбрана, Насер Ахмед и началникот на армијата. Никој од нив не бил повреден.
Повеќето од жртвите се од организацијата Централна безбедност, паравоена сила, командувана од Јахја Салех, внук на поранешниот претседател Али Абдула Салех.
|