20.03.2012, 14:41 Генерал Методија Величковски ја презеде должноста командант на ЗОК
Во касарната „Боро Менков" денеска се одржа свеченост по повод примањето на должноста на бригадниот генерал Методија Величковски, командант на Здружената оперативна команда, инаку досегашен командант на Втората механизирана пешадиска бригада.
На свеченоста присуствуваа началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески, генерали, команданти на командите и единиците од АРМ, преставници на локалните самоуправи од Куманово, Липково и Старо Нагоричане, како и на МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, РЦУК.
- Предизвик е да се продолжи делото на командантите Јовчевски, Димов, Котески, предизвик е да се почне и заврши трансформацијата на ЗОК, а сите заедно треба да сме свесни за предизвиците кои ги носи новото време и кое бара од нас да сме побрзи и пофлкесибилни, рече пред присутните бригадниот генерал Методија Величковски. |