22.03.2012, 15:30 Ексфункционер на ДПА претепан во Кондово
Поранешниот потпретседател на ДПА, Ваљон Беља (34) бил нападнат и претепан во скопското село Кондово. Тој бил пресретнат од четворица жители на селото, кои му го пресекле патот со возило. Потоа почнале да му се закануваат и да го удираат со кундак од пиштол. Полицијата ги откри напаѓачите и против нив ќе бидет поднесени пријави.
Според полициското соопштение, инцидентот се случил завчера напладне додека Беља со „БМВ-то“ се возел низ Кондово.Во еден момент, патот му бил попречен од „венто“ од кое излегле неколку лица. Напаѓачите почнале вербално да му се закануваат, а потоа физички го нападнале и со кундак од пиштол го удирале по телото, нанесувајќи му повреди.
„Од страна на СВР Скопје се откриени сторителите. Станува збор за Ф.Т.( 29), А.С.(21), Ј.Ф.(23) и Р.М.(22) од Кондово. Нападот бил извршен поради претходна меѓусебна нетрпеливост“, велат во МВР. (Х.Р.)
|