22.03.2012, 18:23 Палмите од „Камен мост“ преживеаја, на другите им нема спас
Дрвјата пет месеци беа чувани во затемнета просторија, во карантин во кој континуирано била одржувана потребната температурата
Деспина Трајковска
Ретко некој веруваше дека палмите засадени на градските плажи ќе преживеат повеќе од една сезона. Но, не само што и' пркосеа на зимата, туку и пораснале за еден метар. Благодарение на грижата на инженерите од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, 15 палми од градската плажата „Камен мост“ подготвено чекаат повторно да го красат левиот брег на Вардар.
Од денеска се очекува сите палми да бидат извадени на отворено откако презимуваа во затворена просторија во која „Паркови“ им обезбеди речиси природни услови за живот. Неполни пет месеци биле чувани во затемнета просторија во која 24 часа дувале „тајфуни“. Во карантинот континуирано била одржувана потребната температурата, па дури по потреба било палено и печка на дрва.
„Палмите ни беа како миленичиња, им посветувавме секојдневно внимание убедени дека може да ги вратиме во живот благодарение на нашите стручни лица. Така не само што ја преживеаја зимата туку со соодветната нега успеавме да ги пораснеме за еден метар“, вели Душан Авировиќ, директор на „Паркови“.
Тој објаснува дека во дел од просторот каде што чуваат расад и одгледуваат други растенија, само за палмите поставиле челична конструкција обложена со посебни најлон ќеси и друг материјал за изолација на стеблата. Просторот постојано бил затоплуван, а надлежните вршеле чести прихранувања на растенијата за да ги вратат во живот. „Сега, вели Авировиќ, откако деновиве сите ќе бидат извадени од карантинот под отворено небо, ќе бидат потребни две-три недели за да се адаптираат на надворешните услови. Тоа ќе биде доволен период за потоа палмите да се дислоцираат на градската плажа.
Сегашната состојба на палмите ги демантира гласиштата на поголемиот дел од јавноста дека нема да преживеат. Шумарски инженери коментираа дека нема да успеат поради несоодветната локација на која беа засадени, поради составот на земјата и, воопшто, начинот на кој се изведени жардиниерите. Коментарите беа резултат на видливото сушење на гранките, пожолтување на делови од стеблата, што е невообичаено за овие медитерански растенија.
Само две стебла од „Парк“ се спасиле
На палмите од плажата „Парк“, се чини, им нема спас. Од вкупно 15, само четири се' уште се живи. Дури, како што велат од „Паркови“, и покрај нивната грижа, тешко дека две од нив ќе бидат подготвени за оваа сезона. Не ги спасувало ништо, оти уште кога ги зеле биле во многу лоша состојба. Биле несоодветно засадени од страна на изведувачот на плажата, а често биле на удар и на несовесни граѓани.
„На поголемиот дел од нив очигледно некој им ги палел лисјата, дури им го поткопувал и коренот. Залудни беа нашите интервенции за спас“, коментираат од „Паркови“. За овие палми, неофицијално, градските власти потрошија 22.500 евра. |
|
Статијата е прочитана 4072 пати.
|
Испрати коментар
|
|
citatel, 23.03.2012 07:23:33 | dali treba da se divime na ova ili da placeme od pomisla kolku ne kosta zelbata na Koce da bideme toa sto ne sme, i da ima plaza tamu kade sto ne i e mesto |
| Читател, 23.03.2012 08:07:47 | Со сегашните цени на струја, колку чини 24 часовно греење на палми со тајфуни? Невидено расипништво! |
| Mihail, 23.03.2012 09:24:49 | Bravooooooo. Sega zemete i banani, i kokosovi drva i drugi vidovi koi ne se avtovtoni i posle cela godina cuvajtegi vo Aleksandar palas, vo toplo podgreani so tajfuni za da prezivat. Na Skopje mu treba kich, a drugite avtovtoni siromasni gragjani na makedonija sto ne mozea da vrzat kraj so kraj, osatvetegi na plaza zime neka uzivaat vo socijalnata drzava. Uste ednas bravo Skopje, bravo gradonacalnici zatreseni za svojot izbiracki narod. |
| Pero, 23.03.2012 10:45:19 | Ova e samo uste edna potvrda za toa do kade moze da odi coveckata glupost. Stamota... |
| Трпе, 23.03.2012 10:49:13 | Па овие способни инг. наместо да ги негуват палмите тие ги задушувале.Додека луге ни умираа од студ овие правеле трошок за лудорите на Коцкица.Кога бевме на карневалот во Струмица,таму и палмите им виреат на отворено.По се излегува дека овие струмичани ти ги тепаш а они ти се смеат.
Но сигурно не се занесуват како некои грабоначалници кои се симнале од планина.Како што видов таму се што е направено е функционално а не кичерај,споменици и барокни зданија.. |
| Vinci, 23.03.2012 12:00:56 | Bravo za Koce, sega samo uste edno *more* da ni
donese, ni Kopakabana nema da ni bide ramna..... |
| ankica, 23.03.2012 12:12:20 | palmite ni bea milenicinja?????a sto so bolnite i starire i hendikepiranite za niv nema ni smestuvanje a ne pa tajfunski vetrovi..... |
| Jug, 23.03.2012 12:44:36 | Ne da e eden golem kic Skopje,,,,tuku stana grad za smea. Sega za galiite neka napravi uvoz na uskoci od Hrvatska. Epten budali raboti, na smetka na gragjanite nekoi si pravat ekskurzii na mozokot. |
| Go sakam Skopje, 23.03.2012 13:52:05 | Nas makedoncite, uspejaa da ne podelat i pretvoriat, vo anticki i slovenski makedonci. Kockica udarnicki pomaga vo obezlicuvanjeto na indetitetot, pa duri i na prirodata; kako nacionalno drvce, ni donese palmi koi MORAAT da vireat i na skopskata kontinentalna klima,makar narodot da crkne od glad i stud.Iako palmite mnogumina vo zivotot ne ni videla,ama mozebi za toa, sto, tie ne davale alergija(?)! DA, znaci, poradi toa gi isposekoa nasite nacionalni, skopski lipi, topolite, brezicite i onie prekrasni drvoredi na Ilindenska, a slusham ke sadime vrbi vo Vardar koi gi imase vo izobilie i bezplatno...Da ama bea bezplatni,nemase perenje pari!Deneska slusam na TV, od edna evropska zemja, preporaka kako da se zastitat vo slednilv period , bas od takvi alergonosni sadnici,podrazbirajki gi tuka i topolite. Ama nikoj vo EU ne se seti deka najdobar nacin e, da gi isecat i gotovo, nema alergija!! E, nas Kockica, uste ne ja zavrshil celata domasna zadaca; kade se piramidite, a pesikot saharski?! |
| bez trag, 23.03.2012 14:09:49 | Koce Koce do kade si so Brodovite so dusa gi cekame,za da se nadopolni vasata kreativnost. Dali ovaa komedija ima kraj ve zalame SKOPJANI ve napravija sitni mravki na plostadot pa sega cuvstvuvajte deka ste PALMA DE MALLORKA. |
| Trajce, 23.03.2012 19:00:26 | Abe Vinci, a zasto go potcenuvas Akapulko, pa samo Kopakabana ja spomnuvas. |
| Напред, 23.03.2012 19:48:11 | Тражили сте гледајте............... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 22°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 38°C, Мин: 22°C
|
Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 23°C
|
|
|
|
|
|