22.03.2012, 18:26 Автобусот „9“ со изменета траса
Автобусот на ЈСП со број ��9“ од викендов ќе сообраќа со изменета траса во правец од Државна болница кон Топанско Поле. „9“ ќе минува по улиците „Водњанска“ и „Железничка“, па по првото стојалиште ќе врти лево по булеварот „Македонија“, кај семафорите пред Тутунски комбинат пак ќе врти лево по улицата „11 Октомври“, а потоа десно кон „Југодрво“ по булеварот „Кочо Рацин“ и продолжува по вообичаената траса.
Од ЈСП соопштуваат дека до промена на трасата е дојдено поради вклучување во сообраќај на двокатните автобуси. На булеварот „Македонија“ е отворено ново стојалиште за замена на тоа пред Фискултурното училиште, а на улицата „11 Октомври“ ќе се користи постојната постојка.
Отворена е автобуска станица пред Европскиот универзитет за автобусите „3“, „3А“, „7Б“, „22А“ и „57“. (Б.Ш.) |