05.07.2012, 11:20 Македонија утре во 23.30 против Доминиканска Република
Ова е официјалниот термин кој рано утрово го објави ФИБА на својот сајт, откако домаќинот Венецуела не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри
Кошаркарската репрезентција на Македонија четвртфиналниот натпревар на квалификацискиот олимписки турнир во Каракас против Доминиканска Република ќе го одигра утревечер половина час пред полноќ по македонско време. Тоа е официјалниот термин кој рано утрово го објави ФИБА на својот сајт, откако домаќинот Венецуела не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри.
Во првото четвртфинале утре од 17 часот и 30 минути ќе играат Русија - Ангола.
Репрезентациите на Грција и Нигерија ќе играат во терминот од 20 часот.
По натпреварот Македонија - Доминиканската Република (почеток 23 часот и 30 минути) четвртфиналето ќе биде заокружено со средбата Литвaнија - Порторико која ќе започне во 2 часот по полноќ (ноќта петок кон сабота).
ФИБА ги одреди и полуфиналните двојки. Во нив ќе играат подобрите од натпреварите Грција - Нигерија и Русија - Ангола, односно Литванија - Порторико и Македонија - Доминиканска Република.
Победниците од полуфиналните натпревари директно обезбедуваат пласман на Олимпијадата во Лондон.
|