09.07.2012, 12:38 Скарлет Јохансон најплатена актерка на сите времиња
Холивудската актерка добила дури 20 милиони долари за улогата во вториот дел на филмот „Одмаздници“
Холивудската актерка Скарлет Јохансон добила дури 20 милиони долари за улогата во вториот дел на филмот „Одмаздници“. Така, познатата убавица станала најплатената актерка на сите времиња.
Иако има само 27 години, Скарлет Јохансон веќе има стекнато богатство што тешко ќе го потроши за целиот живот. Со најновиот хонорар, кој изнесува точно 20,1 милиони долари, го надминала износот од 18 милиони долари кои Анџелина Џоли ги достигнала за улогата во филмот „Турист“.
Првиот дел од филмот „Одмаздници“ заработил неверојатни 936 милиони долари, па продуцентите решиле да дадат зелено светло за продолжението.
|