10.07.2012, 15:29 Книга за сите љубовни афери на Мик Џегер
Во книгата се разоткриваат сексуалните врски на Џегер со повеќе од 4.000 жени, но и некои познати мажи
Новата контроверзна неавторизирана биографија на лидерот на „Ролинг стоунс“, „MICK: The Wild Times and Mad Genius of Mick Jagger“, од авторот Кристофер Андерсен, донесува нови скандали од животот на рокерот и сочни интервјуа со музичарите кои биле во контакт со него во изминатите 50 години.
Книгата денеска излезе во продажба во Америка, а Андерсен ја најавил низ поглавја во кои ги отворил сексуалните врски на Џегер со повеќе од 4.000 жени, но и некои познати мажи. Најголемо внимание писателот посветил на неговиот љубовен однос со Дејвид Боуви, со кој Џегер наводно дури и живеел неколку месеци.
Мик неколку години бил во сексуална врска и со Карла Бруни, бившата прва дама на Франција, која му ја земал на Ерик Клептон, а две години бил опседнат со младата Анџелина Џоли.
Во книгата се расчленуваат и неговите врски со англиското кралско семејство, но и зависностите од кокаин, ЛСД, хашиш и спид, како и лечењето од сексуална зависност.
Но над се', Џегер бил и се' уште е одличен бизнисмен, кој заработил богатство од 400 милиони долари, па и на таа деловна страна на неговата личност е посветен поголем дел од книгата. |