09.07.2012, 12:20 Штипската „Хасанагиница“ на „Бит фест“
Во насловната улога настапува младата актерка Јелена Јованова, а улогата на бегот Пинтеровиќ, ќе ја толкува Ефтим Трајчов
Во рамки на битолското културно лето „Бит фест“ во големата сала на Центарот за култура, во 21 часот, Штипскиот театар ќе ја изведе театарската претстава „Хасанагиница“ од Љубомир Симовиќ, во режија на Драгана Милошевска-Попов
Во насловната улога настапува младата актерка Јелена Јованова, а улогата на бегот Пинтеровиќ, ќе ја толкува Ефтим Трајчов.
Во оваа сторија за распадот на едно семејство, во што голем удел има политиката, играат и Миле Вратеовски како Хасанага, како и Владимир Тулиев, Руиш Беговска, Елица Арева и др. Сценограф е Владимир Ѓоревски-Рафик, костимограф Марија Пупучовска, а автор на музиката е Марјан Неќак.
На летната сцена „Тумбе кафе“, во 22 часот, ќе започне литературниот перформанс „Лајф“ кој претставува синтеза од книжевност, музика и филм приспсобени за настапи во живо, преку различни перформанси и интеракција со публиката. Перформансот ќе го изведат: Игор Трајковски - Фоја, Дејан Петровиќ - Чапе, Симс Себастијан - Паркет, Славчо Јовев, Пеце Николовски, Марк Пурпосе. Во режија на „Лајф“ премиерно ќе биде прикажан филмот„Во долот на конзулите“, работен по сценарио на Игор Трајковски - Фоја, музичкиот дел содржи авторска музика и амбиентални ефекти, а членовите на литературниот настапс ќе читаат своја објавена и необјавена поезија и проза. (К.Б.)
|