Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
04.07.2012, 15:06
Охридско лето не смее да биде заложник на какви било условувања



Директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска одржа прес по најавите за можен штрајк од синдикатите на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија

Никој не е поголем од фестивалот и неговото значење и затоа не смее да се дозволи „Охридско лето“ да биде заложник на какви било условувања, рече денеска на прес-конференција директорката на фестивалот Елизабета Јанкуловска по најавите за можен штрајк од синдикатите на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија кои се незадоволни од понудените услови за сместување во Охрид за настапите на 12-ти и на 19 јули.

- На сите учесници на фестивалот „Охридско лето“, независно дали се домашни или гости од странство, им се понудени еднакви услови и третман, достоен на реномето на манифестацијата, рече таа и додаде дека понудите за учество на членовите на двете национални установи биле уредно доставени до нивните директори уште во април годинава.

Биле понудени две опции - хотелско сместување со полн пансион и вклучени патни трошоци (меѓуградски и локален) или втората опција - надомест од 2.000 денари на ден. Двете институции му одговориле на „Охридско лето“ дека уметниците ја прифатиле втората опција, на која реагираа синдикатите на музичарите.

- Зачудува фактот што во годината кога се понудени најдобрите услови за учество на манифестацијата „Охридско лето“, на само неколку дена пред почетокот, се случуваат вакви настани кои само фрлаат дамка врз свеченото отворање, рече Јанкуловска.

Смета дека обезбедените 8.000 денари за четири дена во Охрид за учесниците од МОБ и 4.000 илјади за два дена престој за членовите на Македонската филхармонија покрај нивната редовна плата се соодветен третман на македонските уметници.

- На забелешките во врска со превозот, информираме дека во понудата која опфаќаше пансионско сместување во хотелите, избрана според тендер, и која вработените во МОБ и МФ ја одбија, многу јасно беше наведено дека е обезбеден превоз со климатизиран автобус, транспорт за опремата и локален превоз од хотелот до сцените каде што ќе се одвиваат подготовките и концертот, нагласи директорката на фестивалот.

Јанкуловска додаде дека се е преземено за непречено и свечено да биде отворен 52-риот фестивал. - Подготовките се при крај и нашето внимание е сконцентрирано кон уште едно спектакуларно отворање, рече таа. Фестивалската управа, додаде, најпрофесионално се труди во подготвувањето и реализацијата на фестивалот и за соодветен третман на сите учесници, без оглед дали се домашни или странски.


Статијата е прочитана 384 пати.

Испрати коментар



„Големиот инквизитор“ на Питер Брук утревечер во Скопје
Нови локации и знаме за 51. „Струшки вечери на поезијата“
Почна снимањето на филмот „Подиграфка” на режисерот Горан Тречовски
Никола Маџиров на поетски фестивал во Ледбери
Над 8.000 публика се очекува на концертот на „Дјуран, Дјуран“
Даница Тортеска и Трајче Лозаноски - младенци на 50. Галичка свадба
Костимите добиваат нова димензија
Бата Живоиновиќ во критична состојба по мозочен удар
„Актерот на Европа“ од утре во Ресен
Поетска вечер на Лидија Димковска во Салцбург
Слика на Каналето продадена за три милиони долари
Се сврши синот на Каролина од Монако
Алек Болдвин сонувал да го убие адвокатот на бившата сопруга
Девојката му го простила неверството на Балотели зашто чека дете
Нов портал на Европската библиотека
Сценографијата на „До балчак" ги воодушевува туристите во Битола
Ѕвезда на Си-Ен-Ен призна дека е геј
Жак Доајон и Ева Јонеско меѓу охриѓани
Емануела доживеа мозочен удар
Камион со музичката опрема на Мадона се преврте кај Гетеборг
Театарот за деца и младинци ќе настапи на фестивал во Шибеник
Изложба на Дарко Алексовски, добитник на наградата „Борко Лазески“
Концерт на „Нокаут“ во Битола на 11 јули
Награда за „Волшебна Македонија“ во Лече
Заврши снимањето на „Соба со пијано“
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 20°C

Недела
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО ВЕСТ) Џамија - супермаркет
Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослобо��увањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |