06.07.2012, 15:45 Антиќ, Мекејлеб и Самарџиски добија противници во Евролигата
Литвос Ритас на Предраг Самарџиски се наоѓа во групата на „смртта“ со Барселона, ЦСКА Москва, Партизан, Бамберг и Бешикташ
Екипата на Перо Антиќ, капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Олимпијакос, одбраната на европската титула во новата сезона ќе ја започне во прилично силната Ц група. Покрај Олимпијакос во оваа група партиципираат Каха Лаборал (Шпанија), Анадолу Ефес (Турција), Жалгирис (Литванија), Емпорио Армани (Италија) и Цедевита (Хрватска).
Монтепаски на Бо Мекејлеб се наоѓа во Б групата заедно со Макаби (Израел), Алба (Германија), Уникаха (Шпанија), Проком (Полска), Шалон (Франција).
Предраг Самарџиски со Литвос Ритас немаше среќа на извелкувањето на групите, неговиот тим се наоѓа во најсилната група. Група Д: Барселона, ЦСКА Москва, Партизан, Литвос Ритас, Бамберг, Бешикташ.
Предводник на А групата е Панатинаикос, а во неа партиципиртаат Реал Мадрид, Химки, Фенербахче, Олимпија и еден квалификант.
|