09.07.2012, 15:55 Познати групите за Олимпискиот кошаркарски турнир во Лондон
По завршувањето на квалификацискиот олимписки турнир во Каракас, Венецуела на кој Русија, Литванија и Нигерија обезбедија пласман на Олимпијадата во Лондон, комплетиран беше списокот со 12 репрезентации кои ќе се борат за олимписките медали.
Во групата „А“ ќе играат: САД, Аргентина, Франција, Тунис, Литванија и Нигерија.
„Б“ групата ќе ја сочинуваат репрезентациите на: Шпанија, Велика Британија, Кина, Бразил, Австралија и Русија.
Олимписките игри почнуваат на 27 јули, а средбите од 1.коло на кошаркарскиот турнир се закажани за два дена подоцна (29 јули).
Двојките за 1.коло се Литванија - Аргентина, Тунис - Нигерија и САД - Франција од „А“ групата, односно Русија - Велика Британија, Кина - Шпанија и Бразил - Австралија од „Б“ групата.
|