Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
03.07.2012, 12:01
Македонија денеска на „поправен“ против Нов Зеланд



Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 20 часот го игра решавачкиот дуел за пласман во четвртфиналето на предолимпискиот турнир во Каракас

Марија Ковачева

По синоќешниот пораз против Ангола на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри во Лондон, најдобрите македонски кошаркари вечерва од 20 ч. во рамките на групата Д ќе се сретнат со Нов Зеланд. Станува збор за репрезентација на која офанзивата и' е главно оружје. Статистиката вели дека популарните „киви“ просечно постигнуваат 85 поени по натпревар, а поголем дел од нив ги реализираат од линијата за три поена.

„Нов Зеланд е познат по одличната игра во нападот. Сето ова нема да претставува проблем за нас бидејќи нашите момчиња располагаат со доволен квалитет за да ги совладаме. Верувам дека ќе успееме да го намалиме нивниот просек од 85 поени по натпревар. Имаме соодветна тактика, која ќе мораме да ја спроведеме“, ни изјави селекторот Марјан Лазовски пред заминувањето за САД, каде што неговите избраници одиграа два контролни дуела во Атланта со комбиниран универзитетски состав.

Добра вест е тоа што противникот во Каракас допатува без двајцата најдобри играчи - квалификациите поради повреди ќе ги пропуштат Кирк Пени и Том Аберкромби. Но, селекторот Ненад Вучиниќ, покрај стандардните Таи Вебстер и Роберт Ло, ќе може да се потпре на помладите ѕвезди Мика Вукона, Алекс Плеџер и Линдзи Таит.

За пласман во втората фаза од квалификацискиот турнир, односно четврт-финалето, Македонија ќе мора да заврши најмалку на второто место во групата Д. Во тој случај, би се сретнала со првопласираниот тим од групата Ц, во која се Русија, Доминиканска Република и Јужна Кореја.

САМАРЏИСКИ СО СИТНА ПОВРЕДА

Проблем за Стручниот штаб на „црвено-жолтите“ во Каракас: на последниот тренинг ден пред стартот на натпреварот со Ангола, Предраг Самарџиски доби повреда на скочниот зглоб. За среќа, станува збор за полесно извртување на зглобот, па центарот треба да му биде на располагање на селекторот Марјан Лазовски.

ЗА ФИБА ПОВЕЌЕ НЕ СМЕ ФИРОМ

Непосредно пред стартот на квалификацискиот турнир во Каракас, интернационалната кошаркарска федерација ФИБА изврши промена во именувањето на македонската репрезентација. На официјалната страница и во сите документи поврзани со натпреварувањата на ФИБА, Македонија повеќе не е ФИРОМ, туку се води според меѓународниот код МКД.

Распоред

денеска

Група Ц: (17,30 ч.) Кореја - Доминиканска Република
Група Д: (20 ч.) Македонија - Нов Зеланд
Група А: (23 ч.) Јордан - Порторико
Група Б: (2.30 ч.) Венецуела - Литванија

утре

Група Д: (17,30 ч.) Нов Зеланд - Ангола
Група Ц: (20 ч.) Доминиканска Република - Русија
Група Б: (23 ч.) Литванија - Нигерија
Група А: (2,30 ч.) Порторико - Грција






Статијата е прочитана 1040 пати.

Испрати коментар



Кид го напушти Далас и продолжува во Њујорк
Доколку мине, тешка група за Металург во ЛШ
Преку Доминикана до полуфинале
Металург испушти победа на Малта
ФИФА донесе одлука за воведување на технологија на гол линијата
Радванска против Вилијамс во женското финале на Вимблдон
Ренова убедлива со аматерите од Сан Марино
Ѓоковиќ и Федерер „прелетаа“ до меѓусебно полуфинале
Лејкерси го доведоа Стив Неш
Коринтијанс нов првак на Јужна Америка
Хаотичната четврта етапа за Грајпел
Металург по победа сред Медитеранот
Македонија утре во 23.30 против Доминиканска Република
Ангола загуби, Македонија прва во групата
Грнчаров три години во Ботев Пловдив
Втора победа за Саган на Тур де Франс
Куп лажни продавачи на билети за ОИ
Серена ја детронизира Квитова
Мурињо
Црвена звезда го откачи Вардар
Македонија падна две места на ФИФА листата
Мекејлеб - Сега веќе се е можно
Македонија се истури врз Нов Зеланд
Шкендија ремизираше без голови против Портдаун
Вилјаш-Боаш и официјално тренер на Тотенхем
Мари против Ферер во четврт-финалето
Пари Сен Жермен го промовираше Лавеци
Фелпс се откажа од 200 м слободно на ОИ
Шкендија сака победа без примен гол против Портдаун
Трнлив пат за „металурзите“ до Лигата на шампионите
Кошаркарите поразени од Ангола
Десет Шпанци во „дрим-тимот“ на УЕФА, Иниеста прогласен за МВП
Блејк подобар од Болт и на 200 м!
Перо Антиќ, сепак, со капитенската лента
(ЕП 2012) Голови, тактика и „тика-така“...
Почнува операцијата „Лондон“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 36°C

Делумно облачно

Петок
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 18°C

Сабота
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 21°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Од недела над 40 степени и многу висок УВ индекс
Во Македонија од недела под влијание на многу топла воздушна маса од северна Африка ќе биде претежно сончево и многу топ...
(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |