Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
04.07.2012, 17:39

Народна банка ќе си гради нов објект пред „Лумикс“

Засега е нејасно од каде и како ќе се влегува во новиот објект и, што е најважно како ќе се обезбеди безбеден пристап до трезорите на банката


Народна банка деновиве распиша конкурс за идејно архитектонско решение за новиот објект кој ќе го гради на плоштадот „Македонија“, на просторот на кој претходно беше предвидено да се гради црква. Новиот дом на монетарната власт ќе биде зграда висока до 40 метри, што значи дека ќе има 10 ката.

Како ќе изгледа новата висококатница во центарот на градот, од каде и како ќе се влегува и, што е најважно, како ќе се обезбеди пред се' безбеден пристап до трезорите на банката, засега останува нејасно. Дотолку повеќе што објектот ќе биде во пешачка зона. Од НБРМ велат дека токму конкурсот ќе треба да го даде изгледот на новиот објект. Исто како што и прашањето за непречен пристап до зградата и изведувањето трезор се меѓу основните барања за кои решение треба да понуди идејниот проект.

Дали на монетарците им е неопходен нов простор и зошто се впуштаа во инвестиција да го реновираат сегашниот објект доколку знаеја дека наскоро ќе градат нова зграда?

Од НБРМ велат дека подолго време планирале да обезбедат нов простор, бидејќи сегашниот објект одамна не ги задоволувал нивните потреби. Тие уште пред пет години ја побарале локацијата на некогашната Народна банка на плоштадот, но тогаш им било одговорено дека парцелата е продадена во 2004 година.

„Дел од вработените се сместени на друга локација во центарот на градот во објект во сопственост на Банката. Исто така, главната зграда на НБМ се наоѓа во комплекс во кој работат уште шест институции со кои ги дели заедничките простории, што е проблематично од аспект на фун��циите кои ги има во чувањето и дистрибуцијата на парите“, велат од НБРМ.

Од таму објаснуваат дека сегашниот објект не е реновиран, туку оти во изминатиот период биле правени само парцијални реновирања на одделни делови од ентериерот на банката и тоа, пред се', заради обезбедување нормални услови за работа и задоволување на безбедносните стандарди. Биле реновирани влезните холови околу кои работата почнала уште пред пет години, но поради разни причини завршила дури лани.

Инаку, покрај сообраќајното решение, проблем за новиот објект ќе претставува и тоа што со неговата изградба ќе се блокира погледот од Портата „Македонија“ кон „Воинот на коњ“. Поради тоа во конкурсот се бара да се обезбеди оваа визура, но само доколку тоа е возможно од аспект на статиката. Засега не е јасно и какво ќе биде фасадното решение на новата зграда, иако е логично да се претпостави дека ќе се инсистира да се вклопи со околните објекти, што значи дека може да има барокен стил. Сепак, како ќе изгледа новата зграда на Народна банка, најверојатно ќе се знае до крајот на годинава. Крајниот рок за пријавување идејни решенија е 1 октомври, по што ќе следи нивно оценување. (Б.А.)














Статијата е прочитана 3226 пати.

Испрати коментар



Бесплатен фитнес за сите
Почна реконструкцијата на средните училишта
Општина Центар се двоуми за административната зграда



Bond, 04.07.2012 22:06:24
Deckive ne se normalni. Definitivno.
Makedonski Arhitekt vo EU, 05.07.2012 00:44:55
Ima li kraj na ova ludilo.Koj junak ke se najde da im zastane na pat na diletantite urbanisti i arhitekti koi se vo funkcija na vlasta koi go urnisuvaat gradot nesvesni za posledicite koi ke gi trpat generacii Skopjani.Sramota.
amerikanec, 05.07.2012 05:36:43
Vo amerika za sekoj takov objekt banka market, apteka ili sto i da e servis za graganite prvo gradat parking poslem gradat zgrada sekoj javen servis ima prvo parking pristap za site zdravi invalidi site emergency vozila pa poslem zgrada a kaj nas diva liga nema nikakov raspored
Mudrec, 05.07.2012 12:42:59
Pred Lumiks ne smee da ima nisto. Moj predlog e da se srushi Lumiks ( i onaka e grda i nefunkcionalna zgrada) i na toa mesto da se izgradi NBRM.
taab, 05.07.2012 13:02:03
до кога бе луѓе ќе градите на плоштад? нема веќе каде да се завртиш не па уште една висококатница
Oskar, 05.07.2012 14:02:45
Vo Skopje nema urbanizam, se realiziraat samo naredbite na vlasta sto nekoj poslusnici gi vnesuvaat vo DUP-ot, so sto situacijata stana haoticna i kriticna. Uzurpacijata na naj atraktivniot prostor vo centarot na gradot ja svede na minimum pesackata zona, vozilata a so toa i zagadenosta gi donese vo srceto na gradot. Na Kejot, vo naj strogiot centar se gradat: katni garazi, administrativni zgradi za vlasta i za javni pretprijatija, servisni ulici i dr. Na vakvite objekti ne im e mestoto vo Centarot na gradit tuku na nejzunata periferija. Krajno vreme e ova da se spreci so protesti i blokiranje na ovie gradilistata, NA VLASTA, OKO NE I TREPNUVA ZA INTERESITE I POTREBITE NA NARODOT.
hahah, 05.07.2012 14:48:06
abe go natrupavte plostadot aloooooooooo so praiteeeee
Razmisli.Dobro, 05.07.2012 15:54:54
da ve prasam nesto deci . vi bese podobro koga ne se gradese nisto .sega kako so gledam skopje zalici na nesto onaka bese kako getho
grujovix, 05.07.2012 17:26:28
go molam grujo da mi ja ispolni zelbata i na plostad da izgradi zeleznicka stanica. ima dovolno mesto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 36°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Пирсон на 100 метри со пречки победи со нов олимписки рекорд
Австралијката на 100 метри со пречки победи со време на нов олимписки рекорд – 12.35 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 11.ден
По единаесетиот натпреварувачки ден 73. држави имаат освоено медали...
Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | ��порт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |