Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
07.08.2012, 18:08

Мое ќоше

Не кријте се зад Шишков

Ерол Ризаов

На амбициозниот директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, најдобронамерно му препорачувам да не си нанесува штета и себеси и на партијата, а најмногу на Ристо Шишков, великанот на македонското глумиште, пишувајќи партиски памфлети на тема која не ја познава. Неговата загриженост за одамна починатиот Шишков повеќе наликува на пропагандистичка некрофилија отколку на искрено сочувство со неговата судбина. За Димовски и неговиот партиски штаб ангажиран во одбрана на Законот за лустрација со противуставни одредби најдобро е да ја препуштат сторијата за животот и делото на овој наш маркантен актер на луѓето кои тоа веќе добро го истражиле, кои газеле со Шишков по штиците што значат живот, кои ги делеле со него јанsите и горчливиот актерски леб, кои бдееле и чемрееле со него, кои му се восхитувале, му се лутеле, се карале, но најмногу го сакале уште при живот. Криејќи се зад неговиот широк грб, Димовски ја покажува мизерната злоупотреба на власта на една човечка судбина за политички цели.

Има актери, новинари и другари на Шишков кои лично од него сме ја чуле и многу добро ја знаеме срамната судска епизода од прекршочната пресуда од два месеца затвор за реченицата која Шишков, наводно, ја кажал за Тито пијан за време на паузата од снимањето на „Време води“ од Гапо. Ете таа реченица ја рекол, или не ја рекол, трезен или пијан, сеедно, од Шишков направи јунак и страдалник поради што го обожаваме. Чинам тоа јунаштво и тогаш и денес неправедно повеќе стана главна мерка за неговиот живот и творештво отколку брилијантните улоги во Македонскиот народен театар и на филмското платно. Сето тоа пред насушната потреба��а од херој кој му плеснал шлаканица на Тито, барем со зборови: „Како не удри црногорскиот земјотрес накај Игало“, каде што, наводно, одморал Тито, од Шишков и неговата хиперчувствителна природа направи камиказе-страдалник. Без оглед што Шишков во истиот тој систем стана актер првенец и директор на Драмата при Театарот каде што ги одигра своите најдобри улоги и ги постигна најголемите успеси, особено во обновениот „Кенгурски скок“ од Живко Чинго во режија на Ставревски, што се сметаше за негова необична рехабилитација. Со прекршочната казна два месеца затвор и со условната пресуда по кривична судска постапка за исто дело, Шишков стана бунтовник со причина, синоним на егејската сага, што заедно со своите улоги и личност го пресели во легендите. Прекрасно е што Македонија, неговите колеги актери и матични театри, боемските кругови, новинари и пријатели од првиот ден по неговата смрт го одржуваат споменот на една исклучителна актерска фигура и посебна личност колку и буквално голема, убава и навидум груба и избувлива однадвор, толку кршлива и чувствителна однатре.

Се осмелувам да кажам дека доколку Шишков денес беше жив, како постојан критичар на власта и моќта, трагач по правда, партиските лустратори од неговото бурно досие полно со измислици на агентите лесно ќе истеглеа две реченици да го прогласат за кодош.

Затоа загрижените за судбината на Шишков кои ништо не знаат за него се лесно препознатливи лицемери на кои воопшто не им значат жртвите. Ако ВМРО-ДПМНЕ сакаше нешто да направи за жртвите на комунизмот, тогаш наместо закон за пресметка со кодошите, главно, критичари на власта и политички противници, прво ќе донесеше закон за рехабилитација на жртвите. Ќе ги обновеше судските монтирани процеси на сите најкарактеристични случаи во кои ќе се видеа нарачателите на пресудите, судиите кои ги примиле нарачките и кодошите кои ги наклеветиле жртвите. Така во строг правен и непристрасен процес се просветлува општеството од темните страници на историјата. Од сето тоа ќе нема ништо. Никогаш нема да дознаеме кој го нарача судењето на Ченто, на Шатев, на Брашнаров и на другите големи македонски дејци што завршија во затвори. Наместо тоа, сега ќе се мезиме со живи луѓе и со имињата на критичарите на актуелната власт.

Денес, пропагандистите пуштајќи ги филмовите во кои игра Шишков по повод најновиот македонски хорор со лустрацијата не сакајќи направија едно добро дело, им покажаа на младите дека во црниот комунизам пред три- четири децении имало храбри луѓе кои правеле филмови со жестока критика на аномалиите на општеството и на злоупотребата на власта и моќта. Замислете имало и државни фондови што ги финансирале тие филмови, а имало и институции и публика кои ги наградувале. Имало и писатели кои ги пишувале тие текстови. Дали денес можете да замислите ситуација државата да финансира филм или книга во кои е упатена сериозна критика на денешната стравовлада.

Е, ова ќе биде тема на следното македонско прочистување.


Статијата е прочитана 7480 пати.

Испрати коментар



Во Кавадарци, покрај грозјето, врие и политиката
Трка за Струга
Полемика - Без норма да не се оди на Олимпијада. Потребна е нова стратегија за спортот
Двајца функционери прогласени за кодоши
Зошто СДСМ тактизира со протестот во Скопје
Две третини од граѓаните не и' веруваат на Владата
Неплатена членарина во ОН, ОБСЕ, Совет на Европа
Македонско спасиба за Путин



melbourne, 08.08.2012 01:17:23
Ne trebaat dodatni zborovi.Bravo.
mila, 08.08.2012 03:10:39
odlicen tekst, isto mislam
PERO MICEVSKI, 08.08.2012 05:09:26
Izrodov ne znae sto pisuva mu treba lecemje vo bardovci.
analiticar, 08.08.2012 06:49:24
Vredi ona;sto ako bese ziv siskov,i poznavaki go negoviot karakter,kon vlasta,kolku ke go osudea nasite2meseci ili 7 g.Drugo,nikogas nema da gi doznaeme naracatelite,a sto ke pravi sds ako nekogas i dojde na vlas,pak li ke gi kradi parite od bankite,pretezno tie pari ke bidat od nivni clenovi koj ke mu veruvaat na bc,ako ima uste takvi,bideki ovie od dpmne odma ke si gi izvadat parite.
Itar Pejo, 08.08.2012 07:01:18
Na ovaa tema citam i za represijata na Cingo po povod negovite knigi vo koi go kritikuval komunizmot. Koj gi ima objaveno i so cii sredstva? Dali se objaveni i vo stranstvo? Na vremeto na Zapad bea mnogu meraklii na takva literatura.
Marko, 08.08.2012 07:02:22
Odliccno napissano, bravo!
kanagjanka, 08.08.2012 08:01:30
Да не бил Шишков тоа што е, денес никој немаше да знае за него.Токму тоа што го пишуваш го направи херој.Денешниве продадени души од актери/уметници се камелеони и никој нема да знае за нив, ни дур се живи, а камо ли кога ќе умрат.Шишков гинел на сцена и во живот.Твојата поента во текстот е болна и кажува многу повеќе одошто читаме.Живи закопани сме, во време без херои, без авангарда.
Миле - Охрид, 08.08.2012 08:14:36
Ероле немој да се криеш зад Шишков, Балабанов или некој слични. Собери храброст и подржи ја лустрацијата. Не врзувај ја лустрацијата за партија. Подржи ја намерата од наследно стекнати позициида се одстранат оние кои со кодошење и лажни конструирани приказни прибираа материјална и друга лична корист за себе. Ти добро знаеш дека не се работаше за идеа ( кај кодошите) кога луѓето се понижуваа и малтретираа. Се работеше за тоа на некој да им се одземе имот, куќа, функција, кариера, верската или политичката слобода, или можеби свршеница... Да се стекне позиција за да се добие стан од државата, работно место, функција во поголемите центри, школување на децата во странство, патувања во странство, моќ да се вработува и отпушта и задоволство да се измачуваат луѓе. Тие истите ( или нивните реинкарнации по „наследно право“) сеуште се на функции или позиции да уценуваат малтретираат и да ги ограничуваат права и слободи. Тие не бираат партии. Вака ти им одиш на рака на противниците на лустрација
bezanec, 08.08.2012 08:34:16
Со почит и респект да се чита твоите текстови,браво продолжи иако мал број те читаат бидејки не можат да те сватат односно му се исперени мозоците од вмро дпмне. Но еден совет би ти дал да не ти земаат мерка како противник на програмата во 100 чекори надградена. Се наоѓаме во времето на „„Вндов„„ познат пробугарски крвник кој сееше страв и трепет во Струмичко под раководната палка на Михајлов,Александров и Протугеров.
умен, 08.08.2012 08:45:29
Бидејки континуирано го читам ко(лу)м(у)нисто, ке речам добро е што при сегашната храброст да го критикува системот-власта што тогај бил мошне умен, што ја чувал таа храброст за подобри времина ,инаку ке беше и тој една од жртвите на комунистичкиот систем.
Gargamel do Mile Ohrid, 08.08.2012 09:41:06
Brat Mile,izvini sto ne te prepoznav vo marsot po ohridskite ulici,no me zavede tvojata crna obleka ,crvena kapa,krstot na maicata i parolite ...smrt za predavnicite.Kaj zivees be brat Mile?Novinarot,so golemo N,gospodinot Erol Rizaov,so srce go narekuvam gospodin,so svojata profesionalna etika i informiranost,nema obid za krienje zad velikanite Risto Siskov,Balabanov i slicni.No tvojot partiski ispran um i frustriranost ne ti dozvoluva da ja vidis vistinata vo povikot za lustracija od strana na Erol i mnogu drugi,lustracija,no ne presmetka so neistomislenicite,lugjeto vo posvetli maici i bez krst.Moj brat Mile,Makedonija tone,vo sekoj pogled,a borbata za pozicii na tender politicarite,spomenicari od milioni evra,sadacite na umetnicki kreirani vrbi nevlecat se podolu,vo temninata na siromastijata,nevkusot,sadisticki primitivniot,bezperspektiven makedonski zivot.So beme,so staname,be brat Mile.Zaso?Za kogo?
milan, 08.08.2012 10:02:57
Pa zar se uste ima nekoj pametenda gi cita kolumnie naI.Dimovski i V.Gorcev. Vistinata sekogas pobeduva. Toa sto Dimovski pisuva ne trebe da ne zagrizuva.Pravite umetnici i intelektualci gi znaat umetnickite dostreli na eden Siskov,pa odtuka prava mizerija e sto celnicite na DPMNE se krijat zad delata na velikanot.
Damjan, 08.08.2012 10:02:57
Го апострофирате пропагандниот перјаник на власта и пар��ијата што го креира денешново лудило. Дегудантно е кога во живо го гледате како ги катапултира тирадите ,,мудрости,, зад кои нема ни елементарен аргумент. Во една од неговите колумни се обидува да ни подметне некои виртуелни портрети за Борис Сарафов и за Венко Марковски. Фактите не трпат мисловен босотилук. Нека земе да чита, да копа, да трага и ќе види дека ,,комуњарските,, историчари и литературни аналитичари прд се ги имале како водилка аргументите и над се националните интереси. Господине Ризаов, би бил исклучително среќен доколку се објават делови од теоретските ставови и визии за македонската држава искажани и напишани од Ченто, за да не се манипулира и со големината на неговата личност.
До „умен“, 08.08.2012 10:42:26
Ти си се , освен умен!
ПАВЛЕ АЛИМАСКА,ПРИЛЕП, 08.08.2012 11:03:50
БРАВО за авторот,браво за реалните и вистински проценки на состојбите некогаш и сега.Нека кажат ВМРОВЦИТЕ колку филм��ви имаат снимено за овие последни 10 години што се на власт во Македонија. Демократија имаше во Југославија,СЕГА ИМАМЕ СТРАШНА БУГАРОФИЛСКА ДИКТАТУРА,кој може да се осмели да ја нападни власта. Љубе се обиде и видовме каде и како заврши,Велија се обиде,го уништија целосно
jovan, vlada @, 08.08.2012 11:04:42
Што да каже нормален човек после овој текст на почитуваниот г-дин Ризаов??Да не го злоупотребува ВМРО-ДПМНЕ во лични цели животот и делот на легендариниот Шишков, Ероле дај бе не ме ј... во здрав мозок. Едно да знаете сите кодошки вошки и ситни гнидички и гадурии кој својата кариера ја градеа на сметка на другите и на сметка на системот кој вие го издигнувате на пиедестал во кој цветале рози и ружи а не режим во кој најспособните и најтелентираните патриоски настроени Македонци заврушувале на Голи оток или биле ликдвидирани од комунистите и нивните бедни кодоши кој денес се распослани на секаде. Како човек да го разбере вашиот негативен став спрема лустрацијата освен со фактот дека има кодоши новинари во овој весник и за крај ви препорачувам бидејќи може сум во право да пишувате рубрики „КОДОШКО ЌОШЕ“ или да снимате емиисии од типот на „ВО ЦЕНТАР СО КОДОШИТЕ“ и плус една радио емисија која ќе оди од 8 до 10 да се вика „КОДОШКИ МУАБЕТИ И СО КОДОШОТ НА КАФЕ“.Кој ја има мувата на.....
Mirko, 08.08.2012 11:15:04
Lesno e Dimovski sega da e general. Ima grb. Gi slusam vo sobranie ovie poletaci i prosto ne mozam da shvatam, tolku nepoznavanje na istorija. Ispadnaa pravi programirani roboti. Zalno. Ne se svesni sto tropat. Ima uste zivi sovremenici, koga se sozdavaa ova nasa tatkovina i kako e sozdadena i so cija pomos. Ne gi mesajte babi i zabi.
Генерација 1982, 08.08.2012 12:06:49
„Замислете имало и државни фондови што ги финансирале тие филмови, а имало и институции и публика кои ги наградувале. Имало и писатели кои ги пишувале тие текстови“ Ова од секогаш ме чудело, а викаме дека тогаш немало никаква демократија...изгледа не е се така црно бело, па и денес има многу по недемократски моменти од СФРЈ.
Sydney, 08.08.2012 12:16:25
Erole, Ti si Siskov vo denesno vreme, za zal. Pocituvanje do tebe.
Ema, 08.08.2012 13:00:45
Sekoja cest, so zadovolstvo gi citam Vasite tekstovi i so netrpenie go ocekuvam sekoj sleden. Podrav i sekoe dobro... :)
Dimovski i Boneva - tandem za Afrika!, 08.08.2012 13:24:23
Erole, od vcherashnata kolumna mislev deka konechno na patriotite ke im se razjasnat nekoi raboti vo vrska so lustracijata, no popusto sum mislel! Navistina ne vredi da se chovek povece bakche so niv. A da se zacutat nivnite uporni komentatori, za utreshnata kolumna zemi tema od ekonomijata. Eden nema da se javi za komentar, osven neizbezniot Feliks pod noviot psevdonim Jovan vlada@. Toj e ne zapirliv! Za se ima izgovor i reshenie vo forma na optuzba kon SDSM i komunjarite. A vrzano so lustracijata, bi rekol vo duhot na onaj shtos od JNA: Bice kaznjenih, pokazuvajci na drugite, a bogami bice i nagradjenih, pokazuvajci na sebe i svoite. Tipichno *patriotski*!
S.P., 08.08.2012 13:27:18
Odlicen tekst, kako i site predhodni na ovaa tema. Lustracija da ama ne na vakov nacin. Od sto navistina treba ovaa drzava da se lustrira - od sopstvenata GLUPOST. Verojatno i pocituvaniot Risto Siskov ni se smee na ova komedijanstvo i neukost sto ne snajde so nacinot na koj sakame da ja sprovedeme lustracijata.
anti-patriot, 08.08.2012 14:03:30
do ovoj jovan vlada.uste li bre bulaznite za goli otok,koe vreme bilo toa.volku makedonci bile isprateni onolku makedonci bile isprateni,sigurno nemas vrska sozboruvas,izgleda ti mantra taa tvoja partija pa i vo son bulaznis za goli otok.na goli otok imalo i srbi i crnogorci,i hrvati pa i slovenci.imalo i nekava logika vo otvaranjeto na goli otok posebno za ib-ovcite i zakoravenite nacionalisti,za koi vidovme do kade gi dovedoa site-exyu narodi.trebalo za takvite kako tebe stalinisticki rezim da se vovede,pa cela makedonija da bide eden obicen gulag,kako sto bese albanija ,bugarija ,romanija
Goce USA, 08.08.2012 14:08:22
Izgleda ovoj jovan@vlada go zameni onoj Feliks kogo go odnese branot izgleda, a ovoj i ne se krie veke od kaj pisuva... Ne e problem si go zarabotuvas lebot pisuvajki go toa sto ne go mislis... Problem e sto decata tvoi ke se sramat od tebe!
Б.С., 08.08.2012 14:22:36
Поздрав до господинот Ризаов чии текстови со задоволство ги читам, па и тогаш кога не се сложувам со некои негови ставови. На господинот Миле-Охрид сакам да му го кажам следното: Почитуван господине Вие не опонирате со тоа што го пишува новинарот Ризаов, ами го повикувате да Ви се придружи во калта и смрдеата на Вашите предрасуди. И Вас Ве поздравув��м
До умен, 08.08.2012 14:38:48
Госп. Живко, многу умен, а кој вели дека семејството Ризаов не е жртва и на комунистичкиот режим и на овој. Распрашај се малку па ке дознаеш. Веројатно достоинсвото на Ерол не дозволува да се бави сам со себе.
Mira, 08.08.2012 14:47:57
Bravo, odlicen tekst.
do Pavle, 08.08.2012 16:00:19
Vo koalicija so bugarofilot Ljubco vleze SDS.
До„analiticar„, 08.08.2012 16:10:58
Не е доволно да се подпишеш со „аналитиќар„ па да бидеш тоа .

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 22°C

Претежно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 14°C

Недела
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Светски рекорд за американската женска штафета
Американките во трката на 4 х 100 метри до златниот медал стигнаа со време на нов светски рекорд – 40.82 секунди...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 14.ден
По четиринаесеттиот натпреварувачки ден 82. држави имаат освоено медали...
Светски рекорд за Давид Рудиша од Кенија
Кениецот во трката на 800 метри златниот медал го освои со време на нов светски рекорд – 1:40.91 минута...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |