11.08.2012, 21:04 Започна новата фудбалска сезона во Македонија
Во премиерната средба во Првата лига, Ренова и Напредок одиграа без победник 1:1
Со натпреварот Ренова – Напредок, попладнево стартуваше 21-виот фудбалски шампионат на Македонија.
Во премиерната средба во Првата лига, Ренова и Напредок одиграа без победник 1:1. Сашко Пандев во 20-тата минута и донесе предност на домашната екипа, која пет минути подоцна со гол за Напредок ја анулира Игор Клечкароски, за конечни 1:1.
Утре на програмата се преостанатите пет натпревари од 1.коло. Во терминот од 17 часот, ќе започнат натпреварите меѓу: Силекс – Металург, Тетекс – Хоризонт Турнови, Дрита –Брегалница и Пелистер – Шкендија, додека средбата Вардар – Работнички ќе почне во вечерниот термин од 20 часот. |