13.08.2012, 12:20 Три милиони евра за директна поддршка на туризмот
Следната година Владата ќе го стимулира развојот на туризмот со три милиони евра од што очекува девизен прилив од над 200 милиони евра
Владата следната година ќе го стимулира развојот на туризмот со три милиони евра од што очекува девизен прилив од над 200 милиони евра.
Владниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека Владата усвои Програма за туристичка промоција на Македонија и поддршка на туризмот за 2012 година за чие финансирање се обезбедени 2,5 милиони евра. Воедно преку посебни програми на министерствата ќе бидат одвоени уште дополнителни половина милион евра, со кои ќе се стимулира развој на алтернативен, вински, селски, културен и спортски туризам...
Посебен акцент со Програмата е ставен на субвенциите за привлекување странски туристи. Владата одлучи да се зголеми нивниот износ и тој да биде повеќе од сегашните 800.000 евра за таа намена, посочи Ѓорѓиев.
Лани од девизен прилив од туризмот во Македонија се влезени 171 милион евра. Секој странски турист просечно трошел по 500 евра. |