13.08.2012, 10:26 Активни пожари во Кумановско и Скопско
Пожарот на месотото Мала Пресица во селото Глажња, општина Липково што избувна вчера во 14 часот се` уште е активен. Теренот на кој е појавен е непристапен, а гори нискостеблеста шума, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Нискостеблеста шума гори и на неколку места кај селото Радуша во општина Сарај. На терен дежураат 10 пожарникари од ТППЕ со четири возила.
Синоќа во 20:30 часот локализиран е пожарот во атарот на селата Бреза, Ралевци и Бањица во општина Велес што се појави вчера попладне. Гореа сува трева и грмушки, а за гаснење беа ангажирани шест лица од Шумското стопанство. Денеска во раните утрински часови ангажирани се четири лица кои работат на негово целосно гасење. |