12.08.2012, 15:05 За социјалата 700 денари помош за струја
Од следната сезона, Министерството за труд и социјална политика за 17 отсто ќе ја зголеми паричната помош што им ја дава на сиромашните семејства за плаќање електрична енергија.
Според најавите на министерот за труд и социјала Спиро Ритовски, во интревјуто за Радио Слободна Европа, поддршката за енергетска сиромаштија на семејствата кои се во социјален ризик ќе се зголеми на 700 денари месечно за домаќинство. Со тоа, како што вели Ритовски, Владата се обидува дополнително да ја олесниме состојбата на тие граѓани да ги намират сметките за струја.(Ек.Р.) |