Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
13.08.2012, 17:30

Млади зависници....од родителска финансиска помош

Ќе се инвестираат 27 милиони евра во следните три години за да се смени образовниот систем според барањата на фирмите и потребите на пазарот

Маја Томиќ

„Имам 21 година, не студирам и неколку години барам работа со средно гимназиско образование. Немајќи никаква друга опција, а не сакајќи да седам дома и да им бидам на товар на родителите, работам на црно, како шанкер по кафулиња. Земам околу 150 евра месечно. Колку за џепарлак. Некако не се ни надевам дека во скоро време ќе најдам некоја посериозна, редовна работа“, посочува скопјанецот И.М..

И студентите сакаат да работат и уште за време на студиите да се стекнат со одредено искуство, но тоа тешко им оди.

„Редовен студент сум на трета година на Универзитетот ’Св. Кирил и Методиј‘, владеам одлично два светски јазика и имам познавање од компјутери. Две години упорно барам нешто да работам во слободните часови, некаков проект што има врска со мојот факултет, за да изградам барем некакви вештини кои подоцна би ми користеле при вработување. Аплицирам на разни места, но без резултати. Само еднаш ми се јавија од една невладина организација и ми понудија да работам на проект цел месец, но без пари. Тоа не ми одговараше. Од друга страна, не сакам да работам што било по кафулиња. Во секој случај, убеден сум дека ми се поголеми шансите и дека попрво ќе најдам работа надвор од земјава отколку тука“, вели А.П. од Скопје.

Тој додава дека, од друга страна, според неговите сознанија од пријатели, сите млади кои нашле каква-таква привремена работа, колку за џепарлак, се ангажирале во фирми на роднини или пријатели или во други, но со нивна помош и препорака.

Според анализите на Агенцијата за вработување, стручното средно образование �� силно дефицитарно на пазарот на трудот, а над 90 отсто од домашните и од странските компании се заинтересирани за ангажирање профили со стручно образование.

Младите се' потешко се вклопуваат и наоѓаат работа на пазарот на труд, па Владата реши да почне да се справува со долгогодишната алармантна состојба со нивната невработеност. Проблемот ќе почне да се решава уште во средношколските и студентските клупи, па ќе се менува досегашниот модел на образование кој на младите не им гарантираше вработување по завршување на школувањето.

Од друга страна, пак, сегашниот кадар не им одеше во прилог на потребите како на домашните така и на странските компании. Освен практиката, тоа го покажаа и досегашните анализи на Агенцијата за вработување, според кои младите треба повеќе да се фокусираат и да стекнат стручни вештини за време на образованието, како во средното така и во високото.

Како што изјави деновиве владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, со првиот тригодишен акциски план за работни места, Владата планира да вработи 135.000 млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои зафаќаат над 28 отсто од вкупното население. За таа цел ќе се потрошат 27 милиони евра од кои дел ќе бидат обезбедени од меѓународни фондови.

Каква е сликата за невработеноста кај македонската млада популација? При стапка на невработеност од 31,6 отсто, според Државниот завод за статистика, Агенцијата за вработување на крајот на јуни, пак, регистрира 261.322 невработени. Најголем број од нив, или 32.294 лица се на возраст меѓу 25 и 29 години, додека 28.438 лица се меѓу 20- и 24-годишна возраст. Од вкупниот број невработени, со средно образование се 40.777, а со основно - 118.395 лица. Со високо образование биле 20.778, магистри имало 640, а доктори 17. На крајот на 2011, пак, невработените на возраст меѓу 25 и 29 години изнесувале 34.802, додека оние на возраст меѓу 20 и 24 ги имало 31.597 на број.

Освен констатациите на Владата и на Агенцијата, и други истражувања покажаа дека невработеноста кај младите е загрижувачка. Според последните резултати од анализата на „Реактор-истражување“, во рамките на проектот „Република Млади“, на возраст од 15 до 29 години има 483.448 лица, или речиси една четвртина од населението. Половината од нив се невработени, што значи дека се финансиски зависни од своите родители. Половината, пак, од вкупниот број млади повеќе од една година барале работа, иако добар дел од нив се изјасниле дека би сакале да се вработат веднаш по завршување на средното образование, односно не сакаат да студираат, од разни причини. Загрижувачки податок од оваа агенција беше дека најголем дел од вработените млади дошле до работно место со помош на пријатели и роднини и генерално не им е воопшто јасна улогата на Агенцијата за вработување.

Според резултатите од анализата, средношколците се незадоволни од својот статус затоа што оцениле дека не се стекнуваат со потребното искуство во текот на образовниот процес и дека во образовните институции недоволно се промовираат волонтерството и неформалното образование. Поради тоа младите кои завршиле средно образование, како и студентите и оние со факултетски дипломи, чекајќи долго време на работа, најчесто прифаќаат да работат на црно, верувајќи дека на тој начин побрзо ќе си обезбедат еден ден вработување.

Ангажирани невработени за извршување јавни работи

Општина Кавадарци ги ангажира првите 35 невработени лица за извршување јавни работи во наредните шест месеци, во согласност со владиниот проект. Градоначалникот на општина Кавадарци рече дека во наредниот период ќе бидат вклучени уште 20 лица. За оваа намена покрај финансиската поддршка од државата, обезбедени се пари и од општинската каса. Панов нагласи дека со оваа активност ќе им се помогне на социјално ранливите семејства, каде што никој не е вработен. Вчера и градоначалникот на Неготино, Пане Трајков, и раководителот на Агенцијата за вработување во Неготино, Кристина Чадамова, потпишаа меморандум за ангажирање 31 лице за извршување јавни работи. За време на работниот ангажман лицата ќе добиваат финансиски надомест од 7.600 денари месечно во кои е вклучено и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Тие го задржуваат и правото на здравствено осигурување. (А.Д.)


Статијата е прочитана 1804 пати.

Испрати коментар



Омбудсманот во Битола обвинет за мобинг
Болните од жолтица без шанса за лекување
Депонијата во Тетово ќе ја прават парк
Интервју - Сакам уште еден мандат, оти Пробиштип е во силна развојна фаза
И уште нешто



jovan, 14.08.2012 00:29:53
Doaga vreme koga od menjanje sijalici i popravanje cesmi ke se zarabotuva podobro, otkolku kako, marketing menandzer, hjuman resors, PR-Miar, biznis *administrejsn* i slicni glupavi diplomi so koj se*zakitia* mnogu mladi, pa sega kako razocarani *akademci* ne im se raboti nisto drugo. No, i vo pravo se. Frlile 4-5 godini od zivotot vo koj bile na teret na roditelite, potrosile pari za privatniot fakultet, i sega???? Nema rabota, a diplomata nisto ne im vredi i nadvor.Normalno e da se razocarani i da ne gledaat perspektiva, a za zal i nema perspektiva. Menandzer stana se zivo i divo. Neka si se prekvalifikuvaat na vreme vo nekoj zanat, ke si pominat sto pati podobro.Drzavata isto taka treba da organizira sto poveke vakvi centri za obuka na tehnicki-zanatski vestini(spored megunarod. standardi so certifikat), bidejki toa se bara i niz svetot, a i solidno se zarabotuva. Srbite veke pocnaa, eden takov centar otvorija i vo Nis, kade se obucavaat mladi za razni struki spored svetski normi
Vo socijalizmot gi nemavme ovie problemi, 14.08.2012 01:33:28
A koga roditelite ke gi snema? Vo socijalizmot se podsmevavme na eksploatacijata vo kapitalizmot, ama sega si podplachuvame. Poradi ovaa nemilosrdna eksploatacija ili ne vrabotenost i bezperspektivnost, vechno ke ja pametam porakata na predsedatelot na CK SKJ, drugarot Stipe Shuvar: Ke go barate socijalizmot, ama ke go nema! Mnogu brzo ne toa snajde. Beshe vizioner i neverovatno poshten i intelegenten chovek. Bog da go prosti!
susamli, 14.08.2012 06:18:50
mladite zavisnici od roditelite, roditelite od penzionerite, a site tie glasale za grujo. posebno mladite. sega neka zneat sto seele. uste edno 5000 spomenici pa grujo ce i se nafrli na ekonomijata
jovan, vlada @, 14.08.2012 10:07:41
Само со ре-организирање на образованието во Македонија и негово приспособување на раелните потреби на пазарот на работна сила може да донесе намалување на невработеноста во Македонија.Има една многу лоша тенденција која е во експанција да оваа држава продуцира и тоа на ангро економисти, правници, а другите факултети како електро,машински, технолошки и слични на нив се запишуваат и завршуваат многу мал број на студенти. Па како сакаат младите да се вработат кога и странските инвеститори бараат во нивните фабрики да работата луѓе кој имаат високо образование од областа на припродно научните факултети, кој би вработил во фабрика за производство на кочници 150 правници?? Време е оваа влада да направи една сеопфатна анализа на пазарот на труд и врз основа на оваа анализа да подтотви и отвори образовни профили прилагодени на пазарот на труд, а се до тогаш ќе седат дома дипломирани економисти, правници, политколози, новинари, профоесори и др. кадри останати од време на социјализмот. Поздрав
ivan, 14.08.2012 15:14:27
МЕНАЏЕР Е ПОЗИЦИЈА НЕ Е ПРОФЕСИЈА. Потполно се сложувам со Јован, има многу дипломирани студенти од насоките како што се менаџер ова менаџер она, едноставно треба да приватат дека на еден начин они немаат високо образованиe. Никогаш не ми е било јасно како може да се школуват за менаџери. Значи јас сега како дипломиран мажински/електро инжинер ке треба да ми дојде некој раководител што има завршено Менаџмент, никогаш нема да дозволам, значи вака стојат работите, менаџер се станува со 10 или повеке години работно искуство на струката. Значи програмер со 10 години работно искуство може да стане проект меначер (може а не мора да значи). Од друга страна исто така без навреда лугето треба да бидат подинамички да барат работа и реално да ги прифаат работите, например јас лично од помало место најдов работа во Скопје како програмер, и колку толку можам да си ги покривам трошковите, незнам што би било проблем ако некој од скопје прифати работа да пере праски во росоман.
ana, 14.08.2012 15:17:00
Најмалку сакам да ја бранам оваа или која било влада, ама кој ги спречува студентите да се запишуваат на технички факултети??? Фала богу има такви во државава. Башка додека студираат не им се работи во кафуле :) Епа во цел свет за време на студирање се работи што било, а после се станува експерт
EU, 14.08.2012 17:28:29
Pretezno roditelite gi pravat mladite generaci vo Mk da postanat nerabotlivi,so sboroviti uci sine uci koga ce porasnes da nerabotis. Vo site zapadni ponapredni zemji ucenicite i studentite prevzemat sekakva rabota sve dodeka e zavrsat nivnata profesija;- ne zatoa sto nemat pari,nego da bi steknale rabotna navika.A vo MK e obratno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 15°C

Понеделник
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 19°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Остри меѓународни реакции по пресудата за „Пуси Рајот“
Руската православна црква вчера ја повика државата да биде милостива кон членките на контроверзната панк група...
Депонијата се празни, комуналците добија една плата
Инспекторите за животна средина веруваат дека до понеделник сето ѓубре ќе биде изнесено од центарот на Тетово и депонира...
(ФОТО) Последно „светнување“ на „Паднатите херои“
При крај е уредувањето на покриениот Прометеј, обелискот со жената-ангел со венец во рацете и четирите исправени коњи, д...
Соларен брод чека да заплови во Охридско Езеро
Иноваторот Горан Ангелковиќ има проект за брод кој се движи на сончева енергија и бара инвеститор за да го изгради...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |