18.08.2012, 13:02 Михајловски го засили Работнички
Искусниот центар се договори со раководството на клубот од „Градски парк“ во наредниот период да биде дел од проектот на новиот Работнички
Слободан Михајловски е првото засилување под обрачите за најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички. Искусниот центар се договори со раководството на клубот од „Градски парк“ во наредниот период да биде дел од проектот на новиот Работнички.
Претходно Михајловски беше дел од тимот на Фени индустри, но поради повредата и операцијата на коленото пропушти поголем дел од ланскиот шампионат. Во својата кариера има настапувано и за екипите на Вардар, Борец и Гостивар.
|