19.08.2012, 23:06 Федерер преку Ѓоковиќ до петтата титула во Синсинати
Швајцарецот полесно од очекувањата го совлада српскиот тенисер со 6:0, 7:6
Роџер Федерер е победник на Мастерс турнирот во Синсинати, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ со 6:0 и 7:6.
Првиот сет траеше само 20 минути, а Швајцарецот не му препушти ниту гем на вториот светски рекет. Ѓоковиќ многу грешеше и имаше дури четири двојни грешки на сервисот.
Во вториот сет Новак го подигна нивото на својата игра, мечот отиде во тај брејк, во кој Ѓоковиќ пропушти водство од 3:0, а Федерер направи пресврт за 4:3 и ја искористи втората меч топка.
Ова беше 28. меѓусебен дуел меѓу двајцата тенисери и 16. победа на Федерер. Швајцарскиот маестро стигна до 76. победа на АТП турнирите, освојувајќи ја својата петта титула во Синсинати.
|