16.08.2012, 12:11 Надал го откажа учеството на Ју-Ес опен
Шпанскиот тениски ас поради повредата на коленото нема да настапи и на последниот гренслем турнир сезонава
Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал поради повредата на коленото го откажа учеството и на последниот гренслем турнир сезонава, Отвореното првенство на САД. Тој поради истите причини не настапи ниту на турнирите од Мастерс серијата во Торонто и Синсинати, како и на Олимписките игри во Лондон.
„Со големо разочарување морам да соопштам дека го откажувам настапот на УС Опен поради недоволна подготвеност. Жалам, бидејќи секогаш имав голема поддршка од фановите во Њујорк, но принуден сум да ја продолжам рехабилитацијата и да се обидам што поскоро да ја ставам повредата зад мене“, изјави Надал.
Кралот на земјените терени последниот меч сезонава го одигра на Вимблдон, каде беше поразен во второто коло од чешката сензација Лукаш Росол со 3-2 во сетови.
|