17.08.2012, 13:40 Шарди го запре Мари во Синсинати
Британецот наиде на расположениот Шарди, кој максимално (6:4, 6:4) ја искористи неговата слаба игра, како и повредата на коленото што го мачи од поодамна.
Мастерсот во Синсинати рано заврши за Енди Мари. Бранителот на трофејот и нов олимписки шампион во третото коло беше елиминиран од Французинот Жереми Шарди со 6:4, 6:4. Британецот наиде на расположениот Шарди, кој максимално ја искористи неговата слаба игра, како и повредата на коленото што го мачи од поодамна.
„Поголем дел од мечот имав слаб сервис“, изјави Мари. „Имав неколку шанси на негов сервис да освојам гем, но не ги искористив“, објаснува Британецот, кого поразот во осминафиналето во Синсинати ќе го чини 910 бода на АТП-листата.
Шарди во синоќешното четврт-финале за противник го имаше Хуан Мартин дел Потро.
|