15.08.2012, 15:05 Бајнам на експериментална терапија на коленото
Довчерашниот играч на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја посети истата болница каде што пред некое време Коби Брајант и Грент Хил ги „подмладија“ колената со внесување плазма богата со тромбоцити
Новиот центар на Филаделфија, Ендрју Бајнам, во почетокот на септември ќе замине во Германија каде што ќе подлежи на експериментална терапија на коленото.
Довчерашниот играч на Лос Анџелес Лејкерс ќе ја посети истата болница каде што пред некое време Коби Брајант и Грент Хил ги „подмладија“ колената со внесување плазма богата со тромбоцити. Оваа терапија до сега се покажа како успешна, голем број познати спортски имиња потоа се чувствуваат многу подобро од претходно.
Поучен од позитивното искуство на двајцата некогашни соиграчи, Бајнам одлучи повеќе да не ризикува бидејќи поради болка во коленото минатата сезона мораше да пропушти поголем дел.
Иако минатата сезона имаше просек од 18,7 поени и 11,7 скока, сепак ваквиот ефект не беше доволен за Лејкерси да го задржат во својот состав, Бајнам е една од „жртвите“ на трансферот на Двајт Хауард во тимот од Лос Анџелес.
Делфино потпиша за Хјустон
Аргентинскиот репрезентативец Карлос Делфино следната сезона во НБА- лигата ќе го гледаме во дресот на Хјустон.
Искусниот Делфино и управата на рокетси се договорија на едногодишна соработка.
Аргентинецот минатата сезона настапуваше за тимот на Милвоки, имаше просек од девет поени, четири скока и 2,3 асистенции по натпревар.
|