17.08.2012, 12:24 Гечевски ја заврши репрезентативната кариера
„Останува на помладите да продолжат по тој пат и да ги следат своите желби, за мене во Kаракас беше крајот на настапите во репрезентацијата“, изјави ветеранот
Македонскиот кошаркарски ас Тодор Гечевски одлучи да им стави крај на настапите во националната репрезентација и да се фокусира кон обврските со тимот на МЗТ Скопје, со кого сезонава ја брани двојната круна во националниот шампионат и во Купот на Македонија, а ќе дебитираат во регионалната Јадранска лига.
- Испуштивме убава можност во Каракас да направиме историски успех. Ќе беше одлично како врв на мојата репрезентативна кариера да имав настап на Олимпијадата. Едно лошо полувреме против Доминиканците ги уништи нашите соништа. Останува на помладите да продолжат по тој пат и да ги следат своите желби, за мене во Kаракас беше крајот на настапите во репрезентацијата – вели ветеранот Гечевски во изјавата за „Дневник“.
Гечевски во кариерата играше во неколку клубови во Европа, но најдолго се задржа во хрватскиот Задар, од 2003 до 2008 година.
|