18.08.2012, 22:57 Претставничката на Кина стана Мис на светот
Дваесет и три годишната Ју Венксиа победи на манифестацијата, која се одржа во во Ордос, мегалополис во автономниот северен кинески регион Внатрешна Монголија
Претставничката на Кина, Ју Венксиа ја освои титулата Мис на Светот 2012 на манифестацијата, која се одржа во во Ордос, мегалополис во автономниот северен кинески регион Внатрешна Монголија.
Оваа година на конкурсот Мис на Светот учествуваа 116 девојки, што е најголем број досега.
Мис на светот 2011, Венецуелката Ивиан Саркоз и ја предаде круната на новата победничка, на церемоијата на стадионот на Ордос.
Дваесет и три годишната Ју Венксиа е студентка по музика, која изјави дека сака да стане професорка.
За прва придружничка е прогласена претставничката на Велс Софи Елизабет Моулдс, а за втора претставничката на Австралија Џесика Мишел Канаути.
Македонија на изборот на претставуваше Анета Стојковска.
|