20.08.2012, 15:56 При каменување на воз повредени четворица „Комити“ и полицаец
Дваесетина лица синоќа околу 22 часот во населбата Скопје Север го каменувале патничкиот воз што сообраќал на релација Кичево – Скопје
ФОТО: Press24.mk
Четворица навивачи на фудбалскиот клуб Вардар и еден полициски службеник се повредени синоќа при каменување на возот со кој патувале од Кичево по завршувањето на натпреварот со Напредок.
Дваесетина лица синоќа околу 22 часот во населбата Скопје Север го каменувале патничкиот воз што сообраќал на релација Кичево – Скопје.
При каменувањето повредени биле четворица навивачи, од кои еден малолетен и еден полицаец кој на местото вршел обезбедување.
Еден од повредените навивачи побарал лекарска помош, по што на навивачот и на повредениот полицаец им е укажана лекарска помош во Градската болница „Св. Наум Охридски„ во Скопје, а потоа се пуштени дома.
При каменувањето искршени биле 11 прозорски стакла од патничкиот воз.
СВР Скопје презема мерки за откривање на сторителите и за расчистување на случајот. |